Каде завршуваат непродадените брендирани парчиња облека?

Се сеќавате дека неодамна модната куќа Барбери уништи роба вредна милиони и милиони долари, само за на некој неприроден начин да ја зачува вредноста на брендот? Истото го прават и многу други компании.

kade-zavrshuvaat-neprodadenite-brendirani-parchinja-obleka-01.jpg

Извештаите откриваат дека минатата година Барбери уништиле производи во вредност од 37,8 милиони долари. Од тоа, 13,8 милиони долари се однесува на производни залихи на козметика, додека остатокот во вредност од 20 милиони долари се однесува на облека и модни додатоци. Сепак, британската модна куќа која минатата година пријавила приход од 3,61 милијарди долари, не е единствената во оваа приказна.

Луи Витон се придржува до истата стратегија и своите вредни чанти ги уништува за да избегне намалување на цените, кое би значело и намалување на вредноста на брендот, а не е тајна ниту дека луксузниот Ричмонт истото го прави со своите часовници.

Од Ричмот исто така се оправдуваат со изјавата дека мора да настојуваат да ја сочуваат вредноста на брендовите со ограничување на понудата и препродавање на црниот пазар. Но, дали е тоа навистина единствената причина?

Аналитичари велат дека постои дополнителна корист за оние кои своите производи ги извезуваат на пазарот во САД во форма на повратен данок и трошоци платени за производите кои ги повлекуваат за да бидат уништени. Со други зборови, модните брендови за непродадената роба од американскиот пазар, која имаат намера да ја уништат добиваат незанемарливи средства, па многу повеќе им е исплатливо несаканиот асортиман да го запалат, отколку да го продадат за евтини пари.

Освен луксузните модни брендови, истото го прават и оние кои се попристапни за џебот на секој човек, како што се H&M или C&A. Според медиумите, ваквите гиганти годишно горат и на други начини уништуваат голем дел од својот старомоден асортиман, што го повлекува прашањето зошто се произведуваат толкави количини, ако е јасно дека не можат да се продадат?

Зарем не е пологично на пазарот да се пласира помала количина на производи? Вака, не само што се трошат ограничените природни ресурси на производство на непотребна облека, туку и со нејзиното уништување, бидејќи најчесто се пали, дополнително се загадува веќе загадената околина и животна средина.

Но, ова не ги колеба големите компании да тераат по свое. И додека дел од нив се подготвени минатосезонските парчиња облека да ги продадат по многу ниска цена или да ги донираат на оние на кои облеката им е најпотребна, други се децидни дека на тој начин се руши угледот на брендот.

Навистина, цената на парчињата облека од претходните сезони навистина веќе станува достапна за сечиј џеб, но некои од големите модни компании не можат да замислат нивните дизајни да се најдат кај пошироката популација.

Малку е тажно тоа, зарем не?

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 модни трендови за мажи, кои ќе бидат популарни до крајот на 2025-та Од сафари јакни, преку кафеави парчиња, до чизми со врвки и сатенски тренерки - ...
10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Модни идеи за жени над 50 години - Што да облечете оваа зима за да бидете во тренд? Според стилистите, важно оваа зима е да не претерате со деталите и со накитот, т...
9 модни парчиња кои не треба да ги купувате за есен-зима 2025 (излезени се од мода) Беж чизмите до глужд со патент и дрвена штикла заменете ги уште веднаш со чокола...
Модни трендови кои ќе ги гледаме како униформа кај девојките во есен 2025 Кафеава превртена кожа на облека, чизми или чанти, како и кожени јакни во кафеав...
10 модни трендови кои повторно се вратија во мода (и ќе ги гледате насекаде) Крокс сандалите повторно се во мода и се носат на секакви комбинации, бубрежињат...

Најчитани неделава