4 модни правила кои дамите од Париз строго ги почитуваат

Кога се помислува на Французинка, веднаш асоцира на беспрекорен стил и изострен моден вкус.

4-modni-pravila-koi-damite-od-pariz-strogo-gi-pochituvaat-01.jpg

Воопшто не е тешко да се следат правилата кои дамите од Париз ги почитуваат и успешно да се ископира нивниот суптилен, но секогаш ефективен стил.

Всушност, тие следат четири основни модни правила, кои можете и вие да ги примените:

1. Не веруваат во високи потпетици

Тие секогаш избираат удобни модели. За нив височината на штиклата не е важна, а никогаш нема да ги видите со чевли на платформа. Тие секогаш им даваат предност на моделите со средно висока штикла.

4-modni-pravila-koi-damite-od-pariz-strogo-gi-pochituvaat-05.jpg

2. Не носат тесни фармерки

За да ја нагласат својата женственост, Французинките избираат пошироки модели на ногавици, па дури и популарните „ѕвонарки“. Многу ретко ќе сретнете парижанка со „стреч“ фармерки.

4-modni-pravila-koi-damite-od-pariz-strogo-gi-pochituvaat-04.jpg

3. Не претеруваат со бои

Иако веруваат во црната и белата боја, кога комбинираат други бои тоа го прават суптилно и ненападно. Исто така, многу ретко носат дезенирана облека и се држат повеќе до детали и модни додатоци.

4-modni-pravila-koi-damite-od-pariz-strogo-gi-pochituvaat-03.jpg

4. Купуваат безвременски парчиња облека

Имаат класични модели на чевли, чанти и мантили и капути. Според нив, попаметно е да се инвестира во безвременски модел, наместо во она што е моментално тренд на модните писти.

4-modni-pravila-koi-damite-od-pariz-strogo-gi-pochituvaat-02.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Модни идеи за жени над 50 години - Што да облечете оваа зима за да бидете во тренд? Според стилистите, важно оваа зима е да не претерате со деталите и со накитот, т...
6 модели на чизми кои се хит во зима 2025/26 (и нема да погрешите) Каубојките се ѕвезда на сезоната, но и безвременските црни ниски или високи чизм...
6 модели на чанти кои ќе доминираат во пролет-лето 2026 Мини торби како вреќички на врзување, чанти со реси во фокус, но и со светки, ци...

Најчитани неделава