7 модни лекции кои мора да ги знае секоја модерна дама
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Референт 23-08-2019


7 модни лекции кои мора да ги знае секоја модерна дама

Одберете жена чиј стил ве инспирира. Најдовте некое навистина вредно парче? Купете две! И Kејт Мидлтон го прави тоа.

7-modni-lekcii-koi-mora-da-gi-znae-sekoja-moderna-devojka-01.jpg

Ако сакате да зрачите со самодоверба и да изгледате убаво, најважно е да одберете парчиња облека во кои ќе ви биде комфорно.

Модни лекции кои мора да ги знае секоја модерна девојка:

Побарајте си инспиративна модна икона

Изберете некоја дама која во ваши очи е модна икона и црпете инспирација од неа. Без разлика дали тоа е Наталија Водјанова или Мишел Обама, важно е да е некоја која ви изгледа кул и стилски.

7-modni-lekcii-koi-mora-da-gi-znae-sekoja-moderna-devojka-02.jpg

Не судете им на брендовите според модните ревии

Светските брендови мора да бидат храбри и да експериментираат со дизајните за да го задржат вниманието на јавноста, но тоа не значи дека ако појдете во нивните бутици нема да пронајдете нешто што е практично и соодветно за вас.

7-modni-lekcii-koi-mora-da-gi-znae-sekoja-moderna-devojka-03.jpg

Редовно средувајте го плакарот и исфрлајте сè што не носите

Освен некои класични парчиња кои секогаш ќе идат ИН, сето друго по одредено време може слободно да замине во заборавот.

7-modni-lekcii-koi-mora-da-gi-znae-sekoja-moderna-devojka-04.jpg

Подгответе се за шопинг

Добро испитајте го вашето тело пред да појдете на шопинг. Проверете кои ви се проблематични делови, а кои сакате да ги истакнете.

7-modni-lekcii-koi-mora-da-gi-znae-sekoja-moderna-devojka-05.jpg

Изберете го вистинскиот број за вас

Запомнете дека капутот ќе го носите врз џемпер, па треба да го купите малку поширок, а црните хеланки треба да ви се број поголеми за да не се затегнат на вас и да ви се гледа долната облека.

7-modni-lekcii-koi-mora-da-gi-znae-sekoja-moderna-devojka-06.jpg

Најдовте некое навистина вредно парче? Купете две!

Ако некој фустан ви прилега совршено, купете уште еден во иста боја. Ова го прават и модните икони како Кејт Мидлтон.

7-modni-lekcii-koi-mora-da-gi-znae-sekoja-moderna-devojka-07.jpg

Изберете комфор

Кога ќе се чувствувате комфорно во некој аутфит, тогаш ќе изгледате како девојка од милион долари. Ако не ви е комфорно нема да изгледате привлечно дури и во скапи дизајнерски парчиња.

7-modni-lekcii-koi-mora-da-gi-znae-sekoja-moderna-devojka-08.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Модни правила по кои се води Меган Маркл, а може да ги следите и вие з... Меган Маркл секогаш изгледа совршено од глава до пети, иако не носи скапи парчињ...
11 совети кои треба да ѝ бидат модна заповед на секоја тренди дама Едно од главните правила е да не комбинирате повеќе трендови наеднаш. Едно од...
7 модни парчиња кои мажите не треба да ги носат оваа сезона Нема ништо што повеќе ги привлекува жените од стилски облечен маж, кој не изглед...