5 модели на чевли кои мажите со стил не треба да ги носат

Лошиот избор на чевли може да го уништи целосниот изглед во кој е вложено многу труд, а можеби и повеќе пари.

5-vidovi-mashki-chevli-koi-momcite-treba-da-gi-izbegnuvaat-01.jpg

Момци, нека не ве лаже ниската цена, ниту изгледот. Дури и да ви се допаѓаат некои чевли, размислете убаво дали имате со што да ги комбинирате или пригода во која ќе можете да ги носите.

Држете се до класиката и избегнувајте ги полушпиц моделите или оние со квадратен преден дел.

Следете ги овие совети и научете од кои модели на чевли треба да се држите подалеку:

1. Бели чевли, без врвки, со тока

Во 90-тите можеби овие ужасни чевли биле неизоставен дел од свадбите или во дискотеките кои работеле и во работни денови.

Можеби потсетуваат на италијански џентлмен кој шета по улиците на Фиренца, но овој модел одамна требаше да биде заминат во историјата, заедно со залижаната коса со гел.

Наместо тоа, изберете заоблени чевли и иако не мора да се откажете од белата, подобар избор за комбинирање се светло сивата и жолтеникаво белата боја.

5-vidovi-mashki-chevli-koi-momcite-treba-da-gi-izbegnuvaat-02.jpg

2. Чевли со квадратен врв

За волја на вистината, овој модел имаше свој „haute couture“ момент, околу 1995 година, кога беше промовиран како одличен за деловни комбинации.

Иако овој модел сè уште се произведува и продава, но тоа не значи дека е стилски исправен. Има многу подобри бизнис модели кои изгледаат навистина модерно и лесно се комбинираат со костумите.

5-vidovi-mashki-chevli-koi-momcite-treba-da-gi-izbegnuvaat-03.jpg

3. Огромни патики

Скејтерските огромни патики, за среќа, отидоа во историјата. Ги носевте кога бевте тинејџери и нивното „време“ помина тогаш.

Сега, кога сте веќе возрасна личност, избирајте класични патики, со најмногу две складни бои на нив.

5-vidovi-mashki-chevli-koi-momcite-treba-da-gi-izbegnuvaat-04.jpg

4. Кежуал платнени еспадрили

Лесни се за носење, не ја потат ногата, но немаат ниту една друга позитивна страна.

Летно време избирајте ги мокасините и секако, носете кратки чорапи со нив.

5-vidovi-mashki-chevli-koi-momcite-treba-da-gi-izbegnuvaat-05.jpg

5. Кафеав полушпиц со токи

Зарем има некој на кого му се допаѓаат? Кој воопшто го измисли овој модел?

Повторно, мокасините и таканаречените бродски модели на чевли се навистина добар избор, во неутрални бои, кои може да се комбинираат во повеќе модни комбинации.

5-vidovi-mashki-chevli-koi-momcite-treba-da-gi-izbegnuvaat-06.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
6 модели на чанти кои ќе доминираат во пролет-лето 2026 Мини торби како вреќички на врзување, чанти со реси во фокус, но и со светки, ци...
8 модели на чанти кои ќе доминираат во лето 2025 Мини торбички со висечки реси или школки, форми инспирирани од летото и морскиот...
7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
6 модели на чизми кои се хит во зима 2025/26 (и нема да погрешите) Каубојките се ѕвезда на сезоната, но и безвременските црни ниски или високи чизм...
Еден модел на панталони со кој сите се опседнати (и треба да им дадете шанса) Модерните девојки кои диктираат трендови периодов се опседнати со едно парче обл...

Најчитани неделава