10 модни правила по кои секогаш треба да се водите за да изгледате стилски во секоја ситуација
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Возач 20-06-2019
Продавач 20-06-2019


10 модни правила по кои секогаш треба да се водите за да изгледате стилски во секоја ситуација

Веќе сите ја знаеме познатата изрека на Коко Шанел дека модата се менува, но стилот останува.

10-modni-pravila-po-koi-sekogash-treba-da-se-vodite-za-da-izgledate-stilski-vo-sekoja-situacija-01.jpg

Лесно е да се следат трендовите, но важно е да не се премине тенката линија помеѓу свој стил и лош вкус.

Затоа, има неколку правила кои треба да ги научите еднаш-засекогаш и да се водите по нив во секоја ситуација, за да изгледате совршено каде и да се појавите.

Независно од сезонската мода и трендови, овие правила ќе ви помогнат да изгледате стилски:

1.Не се плашете да носите монохроматски аутфит – облеката во иста боја визуелно ја истакнува и издолжува силуетата, посебно ако одберете повеќе нијанси.

10-modni-pravila-po-koi-sekogash-treba-da-se-vodite-za-da-izgledate-stilski-vo-sekoja-situacija-02.jpg

2.Ако сакате хоризонтални линии, но се плашите дека визуелно ќе ви прошират ако сте во целосно таков изглед, лимитирајте ги со палто одозгора.

3.Кога носите комбинација во која преовладува една боја (црна, бела, беж), запомнете дека во овој случај може да искористите впечатливи аксесоари во светли бои.

10-modni-pravila-po-koi-sekogash-treba-da-se-vodite-za-da-izgledate-stilski-vo-sekoja-situacija-03.jpg

4.Пронајдете славна личност со слична фигура на вашата и обидете се да го следите тој стил, бидејќи за нив стилистите се грижат секогаш да изгледаат совршено во зависност од фигурата, но не ги копирајте целосно аутфитите.

5.Кога носите бела облека, внимателно гледајте се во огледало, посебно на дневна или силна светлина, бидејќи на светло, облеката е повеќе проѕирна отколку што замислувате и гледате на недоволно силна светлина.

10-modni-pravila-po-koi-sekogash-treba-da-se-vodite-za-da-izgledate-stilski-vo-sekoja-situacija-004.jpg

6.За облеката на вас да изгледа совршено, не ја облекувајте веднаш по пеглање, туку почекајте малку да се излади, бидејќи така ризикувате повеќе да се згужва.

7.Комбинирање различни принтови не е лесно. Запомнете неколку правила – точките се комбинираат со риги, ригите се комбинираат со цветен принт, а две цветни парчиња може да се комбинираат ако боите се комплементарни.

10-modni-pravila-po-koi-sekogash-treba-da-se-vodite-za-da-izgledate-stilski-vo-sekoja-situacija-05.jpg

8.Кога не знаете што да носите, а сакате да бидете впечатливи и едноставни, одберете црни фармерки, црна тесна блуза, црни очила за сонце, црна кожена чанта и црни штикли.

 10-modni-pravila-po-koi-sekogash-treba-da-se-vodite-za-da-izgledate-stilski-vo-sekoja-situacija-06.jpg

9.Оние кои имаат потешкотии со комбинирањето треба да се водат по едно правило – одберете 3 бои и на повеќето парчиња нека преовладуваат само тие бои за да не размислувате многу.

 10-modni-pravila-po-koi-sekogash-treba-da-se-vodite-za-da-izgledate-stilski-vo-sekoja-situacija-07.jpg

10.Секогаш имајте тесен и широк колан во бои кои ќе одговараат на повеќето парчиња облека за полесно да правите различни комбинации.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 модни лекции кои мора да ги знае секоја модерна дама Одберете жена чиј стил ве инспирира. Најдовте некое навистина вредно парче? Купе...
Модни правила на кои конечно може да им се спротивставите и да заминат... Комбинација од два различни принта, целосно бел аутфит во зима или комбинација о...
Правила за облекување на работа во лето, кои треба да ги следите за со... Доколку работите во компанија која не бара посебен дрес код, имате голема среќа,...