Модни грешки кои ги прават сите мажи, заради кои изгледаат несредено

Модата се менува постојано, но вашиот стил останува. Добро е да знаете дека луѓето ги забележуваат дури и најмалите детали во вашиот изглед, а тоа може да има влијание врз мислењето што го имаат за вас.

modni-greshki-koi-gi-pravat-site-mazhi-zaradi-koi-izgledaat-nesredeno-01.jpg

Бидејќи следењето на модните трендови може да биде проблематично, погледнете кои се модните грешки што најдобро би било да ги избегнувате.

Не носите чорапи

Обувките за на плажа и сандалите се единствените чевли што можете да ги носите без чорапи. Бидејќи вашите нозе се потат во текот на денот, можете лесно да ги оштетите кои било обувки.

Истовремено, тие можат да почнат да мирисаат. Доколку не сакате да ви се гледаат чорапите, денес има решение и за тоа, па побарајте ниски чорапи. Тие ќе ви го покријат само стапалото, а ќе бидат „невидливи“ надвор од обувките.

БонусСо или без чорапи: Како правилно се носат 10 различни модели на машки чевли?

modni-greshki-shto-gi-pravat-rechisi-site-mazhi-03.jpg

Погрешна должина на кошула

Лежерната кошула е одлична за многу прилики, а многу мажи купуваат подолги кошули за да прикријат некој проблем на телото. Но, овие кошули се направени за во панталони, затоа се и подолги.

Доколку сакате поопуштен изглед, одберете пократка кошула. Главното правило е најдолниот дел на кошулата да не биде многу подолг од зглобовите и да не биде подолг од џебовите на панталоните.

modni-greshki-shto-gi-pravat-rechisi-site-mazhi-04.jpg

Носите формална кошула извадена од панталоните

Формалните кошули, особено белите, се дизајнирани за формални панталони. Ова значи дека ако сакате да изгледате добро, никогаш не треба да ги носите овие кошули со фармерки или неформални панталони.

За полежерен изглед одберете потесна кошула во боја.

modni-greshki-shto-gi-pravat-rechisi-site-mazhi-02.jpg

Не го земате предвид типот на вашето тело кога купувате вратоврска

Воглавно се смета дека вратоврската не треба да биде поширока од 9,5 центиметри или да биде подолга од коланот. Сепак, кога одбирате вратоврска важно е да го земете предвид и типот на вашето тело.

На пример, многу слаби мажи одбираат прешироки вратоврски за нив, па целата комбинација изгледа неуредно.

modni-greshki-shto-gi-pravat-rechisi-site-mazhi-05.jpg

Откопчувате премногу копчиња од кошулата

Иако закопчувањето на сите копчиња не секогаш е добра идеја, и покажувањето премногу кожа е исто проблематично. Во повеќето случаи, доволно е да откопчате 1 или 2 копчиња од јаката за полежерен изглед.

Доколку сте на неформален настан, можете да откопчате и 2 копчиња од доле.

modni-greshki-shto-gi-pravat-rechisi-site-mazhi-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Премногу класични детали наеднаш и уште 6 модни навики кои ви додаваат години на изгледот Носењето високи чорапи со патики дава малку ретро изглед. Помладешки е патиките ...
Сино-белата кошула на риги е моден хит за лето 2023-та И за на плажа и за лежерни пригоди и за на работа, ова парче облека летово ќе ви...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Корисни совети за изборот на долна облека (за да ви биде удобно и на топло време) Давајте предност на памучната долна облека и носете градник без прерамки – совет...
7 парчиња облека и аксесоари поради кои телото ви изгледа непропорционално (и треба да ги избегнуват... Фустан што ја отцртува линијата на телото: Ваквите фустани го нагласуваат секој ...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg