Како да одберете чанта што нема да ви предизвикува проблеми со грбот?

Пробајте ја чантата пред да ја купите

Без разлика колку убава ви изгледа чантата, не заборавајте да ја пробате пред да ја купите.

Проверете дали ви е удобна и дали ви предизвикува проблеми.

kako-da-odberete-chanta-shto-nema-da-vi-predizvikuva-problemi-so-grbot-06.jpg

Носете помали модели

Помалите модели тежат помалку, па со тоа ќе го намалите притисокот врз телото.

Истовремено, со овие чанти сте ограничени со простор, па сигурно нема да понесете работи што воопшто не ви требаат.

kako-da-odberete-chanta-shto-nema-da-vi-predizvikuva-problemi-so-grbot-07.jpg

Одберете модел со „правилна“ форма

Ако чантата има правилна форма, цврста основа и неколку внатрешни прегради, тогаш подобро ја распоредува тежината.

Чантите кои се како вреќи и без форма дополнително ги оптоваруваат рамената.

kako-da-odberete-chanta-shto-nema-da-vi-predizvikuva-problemi-so-grbot-08.jpg

Одберете модел што можете да го носите со посилен дел од телото

Ранците и чантите кои се носат како колан се секогаш подобар избор од рачните чанти.

kako-da-odberete-chanta-shto-nema-da-vi-predizvikuva-problemi-so-grbot-09.jpg

Важно е ремчето да биде дебело

Ако ремчето на чантата е премногу тенко, може да ви ја повреди кожата и да предизвика болка, особено ако носите поголема тежина.

Најдобро е да одбирате модели со подебело ремче, кое правилно ќе ја распореди тежината на чантата.

kako-da-odberete-chanta-shto-nema-da-vi-predizvikuva-problemi-so-grbot-10.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
6 модели на чанти кои ќе доминираат во пролет-лето 2026 Мини торби како вреќички на врзување, чанти со реси во фокус, но и со светки, ци...
8 модели на чанти кои ќе доминираат во лето 2025 Мини торбички со висечки реси или школки, форми инспирирани од летото и морскиот...
6 модели на чизми кои се хит во зима 2025/26 (и нема да погрешите) Каубојките се ѕвезда на сезоната, но и безвременските црни ниски или високи чизм...
7 модели на чевли кои ќе се носат во есен 2025 (и веќе ги има во модните продавници) Чизми со набори, високи јавачки модели, каубојки, но и такви со животински принт...

Најчитани неделава