„Моите 5 омилени модни комбинации“ со Ксенија Деспотоска, моден блогер


„Моите 5 омилени модни комбинации“ со Ксенија Деспотоска, моден блогер

Прилепчанката Ксенија Деспотоска – модна блогерка која плени со својот стил на Инстаграм. Млада, урбана, шик и секогаш насмеана.

moite-5-omileni-modni-kombinacii-so-ksenija-despotoska-moden-bloger-01.jpg

Како моден инфлуенсер, секогаш е инспирација со својот стил, а во моментов има речиси 30.000 следбеници на нејзиниот Инстаграм профил.

Ксенија со нас ги споделува нејзините 5 омилени модни комбинации:

1. Монохроматска комбинација

moite-5-omileni-modni-kombinacii-so-ksenija-despotoska-moden-bloger-02.jpg

Секогаш лесна за склопување. Комбинирам повеќе парчиња со нијанси од истата боја и најчесто кога немам инспирација што да облечам, таа ми е комбинација со која сигурно нема да погрешам за каква прилика и да станува збор.

moite-5-omileni-modni-kombinacii-so-ksenija-despotoska-moden-bloger-04.jpg

2. Одело во боја

moite-5-omileni-modni-kombinacii-so-ksenija-despotoska-moden-bloger-05.jpg

Лесно за комбинирање, а може да си играте и да создавате најразлични аутфити. Може да се комбинира со кошула, обична маичка, со патики или со штикли па така секој аутфит може да се надополни со свој индивидуален израз.

moite-5-omileni-modni-kombinacii-so-ksenija-despotoska-moden-bloger-05 (1).jpg

3. Комбинирање на повеќе пастелни или силни бои

Многу сакам да си играм со бои па затоа го обожавам овој тренд. Но сепак треба да сте внимателни за да не оставате хаотичен впечаток.

moite-5-omileni-modni-kombinacii-so-ksenija-despotoska-moden-bloger-06.jpg

4. Кежуал комбинација

moite-5-omileni-modni-kombinacii-so-ksenija-despotoska-moden-bloger-07.jpg

Со патики, и бело блузиче во разни варијации со сако или пролетен мантил и џемперче ми е исто така една од комбинациите во кои се чуствувам доста удобно. За секојдневни прошетки ми е „must have“ комбинација

moite-5-omileni-modni-kombinacii-so-ksenija-despotoska-moden-bloger-08.jpg

5. Бела кошула во секоја комбинација

moite-5-omileni-modni-kombinacii-so-ksenija-despotoska-moden-bloger-09.jpg

Белата кошула е парче кое секој би требало да го има во својот плакар. Белата кошула секоја комбинација знае да ја подигне на повисоко ниво и да ја направи посебна. Ова се некои од моите омилени комбинации.

moite-5-omileni-modni-kombinacii-so-ksenija-despotoska-moden-bloger-09 (1).jpg

moite-5-omileni-modni-kombinacii-so-ksenija-despotoska-moden-bloger-10.jpg

Прочитајте и: „Моите 5 омилени парчиња облека“ со Бојан Гиевски, инфлуенсер

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Е. П. | Црнобело / фото: приватна архива на Ксенија Деспотоска

Би можело да ве интересира:

12 модни грешки кои сите ги правиме Купувате чевли на висока потпетици во кои не е можно да се движите. Носите иста ...
7 модни лекции кои мора да ги знае секоја модерна дама Одберете жена чиј стил ве инспирира. Најдовте некое навистина вредно парче? Купе...
Модни трендови од пред 100 години кои се популарни и денес Модата од минатото постојано се враќа, но дали знаете дека некои трендови кои де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg