6 совети за купување облека онлајн од непознати брендови

Осигурете се дека на веб-сајтот има фотографија од облеката облечена на модел, но и обрнете внимание дали моделот има слична фигура како вашата.

6-soveti-za-kupuvanje-obleka-onlajn-od-nepoznati-prodavnici-01.jpg

Кај нас, онлајн купувањето стана ултра популарно за време на пандемијата, но кога станува збор за облека, сите знаеме дека нарачките од непознати продавници се секогаш ризик.

Ако редовно купувате oд некоја продавница, тогаш знаете што ќе добиете ако купите и онлајн.

Нo, ако нарачувате од непроверена продавница, мора да бидете внимателни и да имате предвид неколку нешта.

Не значи дека мора слепо да ги следите овие совети, но барем имајте ги на ум кога купувате онлајн.

На што треба да обрнете внимание кога купувате облека онлајн?

Дали облеката е прикажана без модел

Сите знаеме дека едно парче облека може да изгледа многу поразлично откако ќе го облечете. Затоа, кога купувате облека онлајн, осигурете се дека ќе видите и фотографија од модел, а не само парчето облека.

На овој начин полесно ќе оцените дали тоа парче ќе ви стои добро и вам.

6-soveti-za-kupuvanje-obleka-onlajn-od-nepoznati-prodavnici-02.jpg

Во која положба позира моделот

Ако моделот е застанат во необична поза, не можете да видите многу детали од облеката. Па, ако не сте сигурни, најдобро не купувајте бидејќи постои ризик да не го добиете очекуваното.

Од друга страна, кога моделот стои „поприродно“, можете добро да видите како стои облеката.

6-soveti-za-kupuvanje-obleka-onlajn-od-nepoznati-prodavnici-03.jpg

Обрнете внимание на формата на телото на моделот

Не заборавајте дека секое парче облека изгледа различно на секое тело.

Ако, на пример, моделот има мали гради, а вие имате големи, фустанот или блузата ќе ви стојат многу поразлично од она што го гледате на веб-сајтот.

6-soveti-za-kupuvanje-obleka-onlajn-od-nepoznati-prodavnici-04.jpg

Дали моделот прикрива нешто со рацете

Ако моделот крие дел од облеката со рацете, можеби прекрива некаков проблем, како лош крој.

6-soveti-za-kupuvanje-obleka-onlajn-od-nepoznati-prodavnici-05.jpg

Моделот позира пред „преубава“ позадина

Луксузната позадина може да ве натера да мислите дека станува збор за прекрасно парче облека.

Не значи дека секојпат важи ова, но ако забележите позадина која е премногу убава, обрнете посебно внимание на облеката.

6-soveti-za-kupuvanje-obleka-onlajn-od-nepoznati-prodavnici-06.jpg

Облеката е во комбинација со повпечатливо парче

Можеби некоја маичка изгледа одлично во комбинацијата што ја носи моделот, но тоа не значи дека самата маичка е добра.

Ако нема фотографија од моделот само со тоа парче облека, добро размислете дали вие имате со што да го комбинирате пред да го купите.

6-soveti-za-kupuvanje-obleka-onlajn-od-nepoznati-prodavnici-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Корисни совети за изборот на долна облека (за да ви биде удобно и на топло време) Давајте предност на памучната долна облека и носете градник без прерамки – совет...
9 модерни парчиња облека кои ќе ги заменат ретро моделите во вашиот плакар Металик боите се враќаат, розовата боја и Барби трендот заминуваат во историјата...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...
7 парчиња облека и аксесоари поради кои телото ви изгледа непропорционално (и треба да ги избегнуват... Фустан што ја отцртува линијата на телото: Ваквите фустани го нагласуваат секој ...
Модни трикови и совети за девојки со облини Облекувајте се слоевито и обрнете внимание на должината на ракавите – модни трик...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg