Првата дама на Македонија повторно направи моден погодок со бојата што одлично ѝ прилега (фото)

Во совршено модно издание, со симболично обоени дланки Елизабета Ѓоргиевска им даде поддршка на лицата со ретки болести.

prvata-dama-na-makedonija-povtorno-napravi-moden-pogodok-so-bojata-shto-odlichno-i-prilega-foto-01.jpg

Првата дама на Македонија Елизабета Ѓоргиевска е позната по беспрекорниот моден стил, а сега повторно се појави во одлично модно издание и тоа во боја што совршено ѝ прилега.

Денес (28.02) е Светски ден за поддршка на лицата со ретки болести, а нашата прва дама даде свој придонес во поткревање на јавната свест на оваа тема.

Таа по овој повод одржа говор облечена во капут костим во корална боја.

На својот Инстаграм профил објави неколку фотографии од овој настан и напиша:

„Денот на ретките болести нека биде поттик да продолжиме да им помагаме на лицата со ретки болести, во нивната целосна интеграција во општеството.

Човековиот живот нема цена. Ако има надеж дека некој пациент може да се излечи, или неговиот живот да се олесни, државата мора да помогне, независно од цената за таа здравствена услуга.“

prvata-dama-na-makedonija-povtorno-napravi-moden-pogodok-so-bojata-shto-odlichno-i-prilega-foto-03.jpg

prvata-dama-na-makedonija-povtorno-napravi-moden-pogodok-so-bojata-shto-odlichno-i-prilega-foto-02.jpg

Во совршено модно издание со фустан исто така во корална боја таа се појави и кон крајот на 2021-ва година на настан за поткревање на јавната свест околу насилството врз жените и девојчињата.

Тогаш првата дама на Македонија порача:

„Само затоа што не се гледаат лузните на жртвата, не значи дека насилството не се случило.

Справувањето со насилството врз жените и девојчињата е потребно да биде наша секојдневна обврска и одговорност, бидејќи нужно е секој од нас не само да говори, туку и да даде поддршка и да ги охрабри жртвите да го прекинат својот молк и да се спротистават, без страв од осуда и безизлез.

Силната посветеност денес, создава безбедна структура на поддршка во иднина.“

prvata-dama-na-makedonija-povtorno-napravi-moden-pogodok-so-bojata-shto-odlichno-i-prilega-foto-04.jpg

prvata-dama-na-makedonija-povtorno-napravi-moden-pogodok-so-bojata-shto-odlichno-i-prilega-foto-05.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Папарацо фотки на македонски Инстаграм профил: Уличната мода во Скопје Уличната мода во нашиот главен град низ објективот на Инстаграм профилот „Скопја...
Ледено сина сенка за очи – Моден тренд што ги освои и македонските дами (фото) Сината сенка за очи е вистински тренд оваа есен. Бојата по која беа препознатлив...
Mодели на чевли кои изгледаат одлично на Инстаграм, но не се практични во реалноста Легендарните штикли со црвен ѓон на Louboutin се едни од најпосакуваните и денес...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg