6 трикови на Македонките со кои секој летен аутфит изгледа полуксузно (фото)

Македонските добро знаат дека користењето на некој од овие седум модни додатоци може да направи секој летен аутфут да изгледа полуксузно и повпечатливо.

6-trikovi-na-makedonkite-so-koi-sekoj-leten-autfit-im-izgleda-poluksuzno-foto-01.jpg

Македонките добро знаат на кои детали треба да обрнат внимание за секое нивно издание да изгледа повпечатливо и помодерно.

Погледнете кои вонременски модни додатоци Македонките најчесто ги имаат во својот гардаробер, а што прават секое нивно појавување да изгледа повпечатливо:

Шешир

Неопходни за заштита од сонцето, а низ историјата шеширите биле симбол за префинетост и луксуз. Во минатото нив ги носеле само дамите од повисоките општествени слоеви, а денес речиси секоја дама може да се ги дозволи.

Очила за сонце

Очилата за сонце се неопходни за заштитата на очите од штетните УВ зраци, а македонските дами редовно се фотографираат со очила, што прават да изгледаат помодерно и поелегантно.

Изборот на очила е најразличен, но се чини дека најпрефинет впечаток оставаат класичните дизајни, со рамка во форма на „мачешки“ очи.

Впечатливи модни додатоци

Никогаш не се срамете изгледот да го надополните со додатоци. Впечатливи обетки, нараквици, ѓердани, синџир за очила... Сето тоа може да направи вашиот изглед да изгледа полуксузно и повпечатливо.

Елегантен часовник

Дури иако не сте од оние што сакаат премногу акцесоари и додатоци, мора да признаете дека квалитетните, елегантни часовници, секогаш изгледаат убаво.

Не само што се практични, туку даваат и одредена доза на префинетост и на стил.

Плетени чанти

Плетените летни чанти и торби се „ин“ секое лето. Македонките избираат модели што совршено се вклопуваат во нивниот стил.

Погледнете некои од нив:

Ремени

Дури и наједноставниот аутфит може да изгледа повпечатливо со добар ремен. Освен што визуелно ја стеснува половината и ги нагласува облините, со ремен стајлингот се чини мошне покомплетен.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 модни трендови за мажи, кои ќе бидат популарни до крајот на 2025-та Од сафари јакни, преку кафеави парчиња, до чизми со врвки и сатенски тренерки - ...
10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Модни идеи за жени над 50 години - Што да облечете оваа зима за да бидете во тренд? Според стилистите, важно оваа зима е да не претерате со деталите и со накитот, т...
9 модни парчиња кои не треба да ги купувате за есен-зима 2025 (излезени се од мода) Беж чизмите до глужд со патент и дрвена штикла заменете ги уште веднаш со чокола...
Модни трендови кои ќе ги гледаме како униформа кај девојките во есен 2025 Кафеава превртена кожа на облека, чизми или чанти, како и кожени јакни во кафеав...
Македонките го обожаваат: Топ на преклоп - хит за гостинки на свадба, кои сакаат гламур и доминација Eлена Ристеска го облече за на свадба, каде настапи како изненадување за младенц...

Најчитани неделава