Македонките го обожаваат: Топ на преклоп - хит за гостинки на свадба, кои сакаат гламур и доминација
Eлена Ристеска го облече за на свадба, каде настапи како изненадување за младенците, додека модната инфлуенсерка Марија Аслимоска за свадба на пријателка во Војводина. Смел и впечатлив избор за сите кои сакаат да блеснат како гостинки.

Дали во екот на свадбите и вам ви недостига модна инспирација? Ако е така, тогаш топот на преклоп можеби е вистинскиот избор за вас.
Се разбира, за да го износите треба самодоверба и да пронајдете модел кој е соодветен на вашето тело.
Похрабра или подзатскриена варијанта, изборот останува на вас.
Топот во комбинација со здолниште и имате впечатлив изглед ако наскоро сте гостинка на свадба.
Модна инспирација од Елена Ристеска
Елена Ристеска на својот Инстаграм профил откри:
„Во саботата бев изненадување за невестата на една прекрасна свадба во Битола. Млади и убави и двајцата, имињата им се Ива и Иван, атмосферата беше над очекувањата, се воодушевивме со мојот бенд. Различно, но убаво искуство. Им посакувам вечна љубов и муабетот никогаш да не им недостасува“.
Таа се одлучи за розов топ со црно здолниште:




Модна инспирација од Марија Аслимоска
Марија Аслимоска од Скопје, пак, исто така вљубеничка во модата, повеќе од две децении живее во Ирска. Љубовта ја одвела таму, но оваа мистична земја со сета своја убавина ја задржала да остане.
Марија во Ирска има и свој успешен бизнис, односно е сопственичка на малата парфимерија „Парфумарија“ (Parfumarija) која е на сите must visit листи на места во Даблин, а за која пишуваше и магазинот „Vogue“.
Taa се одлучи за монохроматско издание:




Прочитајте и Моден погодок: Две Македонки во аутфити со оскаровски гламур на јахта во Кан
С. С. | Црнобело
