Безвременски модни парчиња кои треба да ги имате во зимската сезона

Миди здолниште

„Шик“ и бескрајно носливо, миди здолништето е вистинска класика без која не може ниту еден гардеробер. Може да се носи преку целата година и е одлична алтернатива за тексас.

 

Плетен фустан

Скромниот плетен фустан е парче кое ве прави тренди, модерни и елегантни во исто време. Уште поважно, тој е неверојатно удобен и бескрајно разновиден.

Џемпер

Изберете неутрални и едноставни модели. Добро би било да имате барем три џемпери со различна дебелина, за да можете да се адаптирате на времето.

Можете дури и да ги носите како замена за јакни во потоплите денови.

Високи чизми

Високите чизми се најкласични од сите зимски трендови. На висока потпетица или рамни – изборот е ваш.

Кога сакате да облечете нешто пократко, тие се полн погодок. Спојте ги софистицираните и разновидни чизми со еднобоен мини фустан и хулахопки.

Чизми до или малку над глужд

Чизмите до глужд се одличен избор, особено за комбинациите што ќе ги изберете за после работа: ноќно излегување со пријателите или рана вечера. Искомбинирајте ги овие чизми со миди здолниште со висок струк и впечатлива чанта.

Мила М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...
Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека... „Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...
Модна инспирација: Удобни минималистички комбинации, идеални за во зима (фото) Кардиган и меки панталони со иста боја или мек широк џемпер и кошула со риги. ...
Осум минималистички парчиња облека и додатоци што треба да ги имате за оваа сезона Фармерки со рамен крој, златни обетки, но и широк костим – кои минималистички па...
9 модни парчиња кои не треба да ги купувате за есен-зима 2025 (излезени се од мода) Беж чизмите до глужд со патент и дрвена штикла заменете ги уште веднаш со чокола...

Најчитани неделава