14 (ужасни) модни трендови од 2022-ра кои сите сакаат да ги заборавиме во новата година
„Ламинација на веѓи. Ова ќе биде како многу тенките веѓи од 2000-тите што сега ги прогонуваат милениумците“. Кои други трендови од 2022 луѓето сакат да ги заборавиме?
Во 2022 година навистина видовме многу нови модни трендови. Помладите генерации „воскреснаа“ дел од трендовите што доминираа во 2000-тите, некои инфлуенсери и познати личности воведоа нови, а има и трендови кои се хит веќе неколку години по ред.
Сепак, ако нешто е тренди, не значи и дека по секоја цена изгледа добро или дека е практично.
Односно, кога станува збор за модерните трендови, мислењето на јавноста можеби никогаш не било поподелено.
Ова одлично го покажуваат коментарите на неколку читатели на BuzzFeed, кои откриваат кои трендови би сакале да останат во 2022 година и да не продолжат во новата.
Дел од коментарите во продолжение:
„Треба да се откажеме од малите чанти во кои собира само еден кармин“.
„Фармерки со низок струк, ве молам. Уште закрепнувам од траумата од минатиот пат кога беа тренди“.
„Кроп-топ маички, јакни, блузи… Не можам да најдам основни парчиња облека кои не се кроп-топ. Зарем бараме премногу кога сакаме тренди облека која не е кроп-топ?“
„Искрено, можеме да заборавиме на трендовите што се вратија од 2000-тите“.
„Минијатурни очила. Сериозно, која им е целта? Едвај го покриваат окото!“
„Повеќе не сакам да видам ниту една кадифена, бушава чанта. Многу брзо се валкаат и, едноставно, не изгледаат добро“.
„Рибарски шешири. Боже, запалете ги! Не му стојат добро на никого“.
Уште седум трендови на следната страница...
Би можело да ве интересира:





