Топ 5 дестинации за летување во септември

Летувањето во септември секогаш е одлична идеја. Времето е и понатаму топло, но не и спарно како во јули и август. Цените се пониски и има помалку гужва отколку кога летувате среде сезона. Што повеќе може да посакате?

top-5-destinacii-za-letuvanje-vo-septemvri-001.jpg

Ако годинава сè уште не сте биле на летување, имате малку време да испланирате патување набрзина. Ова, веруваме, ќе ви дојде одлично пред почетокот на есента. Ќе ги наполните батериите и ќе уживате.

Овојпат ви нудиме 5 интересни дестинации кои се идеални за летување во септември. 

Дали би посетиле некоја од нив?

Барселона, Шпанија

Освен што е позната по бројните градби, шармантни улички, ресторани со вкусна храна и вино, Барселона е позната и по убавата градска плажа. 

А ако го посетите овој каталонски град во септември, освен што ќе можете да го разгледате градот додека времето е пријатно, истовремено ќе можете да уживате во идиличните песочни плажи.

Шарм Ел Шеик, Египет

Иако на лето е жешко, во септември во Шарм Ел Шеик температурата достугнува до 30 степени, а температурата на морето е во просек околу 27 степени.

Поради пријатното време, освен што можете да го разгледате градот, да нуркате и да уживате во летувалиштата со 5 ѕвезди, ќе можете да ги посетите и пирамидите, и тоа во многу попријатни услови отколку кога би оделе во Египет меѓу јуни и август.

Дубаи, Обединети Арапски Емирати

Една од омилените дестинации на Македонците последниве десетина години е секогаш одличен избор. Но, воздухот во Дубаи е влажен среде лето, па не е пријатно дури ни на плажа.

Од крајот на септември температурата се намалува, па ако го посетите тогаш, ќе можете да си организирате пријатен одмор и секој ден да одите на различна плажа, а навечер да се забавувате во градот кој не спие. 

Анталија, Турција

Анталија, заедно со Бодрум и Сиде, е меѓу омилените летни дестинации на Македонците. Но, наместо да одите таму среде лето, ви ја препорачуваме Анталија во септември.

Морето е и понатаму топло, но деновите и ноќите се попријатни, а вие ќе можете да се прошетате дури и преку ден, да ја разгледате прекрасната околина и да откривате нови места.  

Хања, Крит

Грчкиот остров Крит е привлечен за туристите преку цела година поради топлата клима, но особено е пријатен во септември.

Оние што го посетиле островот, препорачуваат да се сместите во пристаништниот град Хања, кој, освен што има убави плажи, нуди и можност за разгледување на неколкуте историски локалитети кои се магнет за посетителите.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Плажа во Хрватска е вистински рај – скриена под карпа, со бесконечно синило и бистра вода Нема да ја видите по пат, треба малку да се помачите за да стигнете до неа, но ќ...
8 рајски плажи на Лефкада кои мора да ги посетите - 50 нијанси сино и совршен поглед Лефкада, малиот грчки остров кој излегува на Јонско Море, за многумина е најубав...
На одмор со Софија Јанева во Кавала: „Патувавме 6 часа од Скопје со бебе, цените беа умерени, а вода... „Со нас беа и бабите, што ни олесни многу од секојдневните обврски околу нашето ...
На одмор со Николче: „Бевме во камп во Шпанија - беше поевтино од хотел, на плажите нема лежалки, а ... „Овој летен одмор решивме да го поминеме малку поинаку – далеку од класичните хо...
Магично шпанско селце за кое не ви треба мапа - 2 часа ви се доволни за прошетка, се наоѓа на Коста ... Ќе уживате да се „губите“ по неговите улички со калдрма, ќе се чувствувате како ...
10 најубави плажи во Европа за 2025 – три се во Италија, две во Грција Од сите плажи во Италија кои се на листата, сите се на Сардинија и освојуваат со...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg