Фото-прошетка низ најголемата природна цветна градина во светот – има над 150 милиони цвеќиња, се наоѓа во Дубаи

Секоја нова сезона ја отвора вратата за свежи и возбудливи теми во „Miracle Garden“.

dubai-gradina-01.jpg

За миг замислете дека се наоѓате во најубавата ботаничка градина во светот меѓу 150 милиони цвеќиња. 

Кој не би посакал да ужива во опојниот мирис и прекрасното шаренило кое го нуди таканаречената „Miracle Garden“?

Сместена во Дубаи оваа градина е вистинска туристичка атракција.

dubai-gradina-02.jpg

Се протега на 72.000 квадратни метри каде цветаат над 150 милиони цвеќиња во сложени дизајни и дезени што буквално го одземаат здивот.

Повеќе од една деценија оваа ботаничка градина која е единствена од ваков вид во светoт на посетителите им нуди визуелно уживање.

Градината била идеја на г-дин Абдел Насер Рахал, бизнисмен од ОАЕ инспириран од визијата да се создаде единствена туристичка атракција која ќе ја прикаже убавината и разновидноста на цвеќињата од целиот свет.

dubai-gradina-03.jpg

Секоја нова сезона ја отвора вратата за свежи и возбудливи теми во „Miracle Garden“.

Дизајнерите се оние кои секоја година со помош на екстравагантни цветни аранжмани предизвикуваат восхит кај посетителите.

Од 2022 година, градината е трикратен носител на Гинисов рекорд.

Во продолжение уживајте во живописните фотографии од ова волшебно место:

dubai-gradina-04.jpg

Dubai-gradina-05.jpg

Dubai-gradina-06.jpg

dubai-gradina-07.jpg

dubai-gradina-08.jpg

dubai-gradina-09.jpg

dubai-gradina-11.jpg

dubai-gradina-12.jpg

dubai-gradina-13.jpg

dubai-gradina-14.jpg

dubai-gradina-16.jpg

dubai-gradina-17.jpg

dubai-gradina-18.jpg

dubai-gradina-19.jpg

dubai-gradina-20.jpg

dubai-gradina-21.jpg

dubai-gradina-22.jpg

dubai-gradina-23.jpg

dubai-gradina-24.jpg

В. К. | Црнобело / фото: pexels.comfreepik.com

Би можело да ве интересира:

Тиркизна вода, природна сенка: Скриена плажа во близина на Макарска ја споредуваат со Дубаи (фото) Плажата Велика Дуба се наоѓа во општината Живогошќе, во близина на Макарска. Мож...

Најчитани неделава