„Бев на грчкиот остров Евиа, патував 8 часа со автобус и траект, ја посетив и Атина - Што ми се допадна најмногу?“
Тоа излежување во Едипсос, во пределот помеѓу врелите термални извори и студеното море на почетокот од мај, пронаоѓајќи си „катче“ со температура совршена за мој вкус ме релаксираше како доооолг летен одмор. Плус Атина... Да, гласна е и прединамична за мој вкус, но е и магична, неверојатна со ремек дела за очи, со руф топ барови и магични соседства за душа. Вистинска комбинација!
Некако спонтано, грчкиот остров Евиа во комбинација со еден ден во Атина ми испадна како дестинација за 1-ви мај.
Ми дојде како совршен спој од „лето“ на самиот старт од мај, поради капењето во термалните извори покрај морето во Едипсос, Евиа, како и сета динамика и историја на Атина, во комбинација со урбана нота.
Евиа е втор најголем остров во Грција, после Крит, а има само околу 200.000 жители, од кои 60.000 се во главниот град Халкида.
Ова беше патување кое не ме умори. Знаете дека на овие кратки тури некако сме во трка со времето за да видиме што повеќе места за што покусо време.
Не, ова беше едно поинакво патување...
Поаѓањето беше на полноќ од Скопје со автобус и со сите попатни станици, граница и возење со траект, од околу половина час, за 8 часа веќе бев во сместувањето.
Евиа е малку поинаков остров за разлика од искомерцијализираните на кои сум навикната, посмирен, поненaселен, иако за жал сувите паднати дрвја по островот, кои ги видов за време на тура, сведочеа за страшниот пожар во 2021-ва година, кога огромен дел од шумата бил уништен. Tрагичен настан кој засекогаш фрлил сенка на убавината на Евиа.
Инаку е вистински зелен рај, каде се произведува мед.
Бев сместена во Едипсос, место познато по термалните извори.
Тоа е мало гратче (а некогашно село) кое го посетиле многу светски познати личности низ годините и каде во близина на самите термални извори има спектакуларни хотели, онакви каде што најчесто Британци и други луѓе од западноевропските земји престојуваат.
Тие сметаат дека ја пронашле својата „фонтана на младоста“ во овие топли води, богати со минерали.
Едипсос има повеќе од 80 термални извори со температури кои варираат од 34 до 85°C.
Овие извори се користат за третман на различни здравствени состојби, вклучувајќи артритис, ревматизам, болки во грбот итн.
Кафе во Едипсос ќе пиете за околу 2/3 евра, аперол шприц 8/9, топка сладолед во корнет 2.5 евра, порција ракчиња околу 14 евра итн.
Инаку, најголемиот број на туристи беа од Македонија и Србија и овој остров важи за попристапен кога станува збор за цените во Грција.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





