„Бев на грчкиот остров Евиа, патував 8 часа со автобус и траект, ја посетив и Атина - Што ми се допадна најмногу?“
Оваа црква е позната по тоа што ги чува моштите на Свети Јован Руски, кој е длабоко почитуван светител во православниот свет.
Луѓе од целиот свет доаѓаат на посета.
Во Едипсос плажите беа песок со камчиња, а многумина се капеа и на самиот почеток од мај, иако водата сè уште беше многу студена.
Но, ако појдете на изворите и си најдете некое местенце помеѓу морето и изворите, ќе го пронајдете вашиот мал рај со температура совршена за вас.
Инаку, во врелите извори не смее да се седи подолго од 15 минути, задолжителна е пауза за ладење на телото, па дури потоа одново влегување.
Другите делови од Евиа не ги истражив, но верувам дека и тие имаат многу што да понудат...
Повеќе фотографии од Евиа и Атина:
Прочитајте и „Бев во Босна, со автобус од Скопје патував една ноќ - Сараево ме трогна, а Мостар ме восхити“
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело
Би можело да ве интересира:





