„Бев на грчкиот остров Евиа, патував 8 часа со автобус и траект, ја посетив и Атина - Што ми се допадна најмногу?“
Живописните бои на карпите кај изворите се вистинско чудо на природата, а прошетката покрај море, кај дел од реставрираните хотели со шармот и магијата на минатото, во комбинација со палмите, е рај за сите сетила.
Потоа, дојде редот за Атина, каде од Евиа пристигнавме за околу 2.5 часа и беше токму таква каква што ми ја имаат опишувано - пресилна за сите сетила.
Односно, прегласна, прединамична, на моменти нечиста, но од друга страна магична, пребогата со историја и неверојатни градби, со шармантни соседства, со паркови како ботаничка градина...
Мој омилен дел од Атина засекогаш ќе остане малото соседство во близина на Акрополот, кое го носи името Анафиотика и каде има бели куќички и тесни улички, со спектакуларен поглед на градот.
Таму ќе добиете чувство како да сте на грчки остров, бидејќи е градено на тој начин.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





