На одмор со Ненад Сињори во камп Стомио: „Одморот не мора да биде луксузен - имаме наша приколка, децата седат цело лето“

„Иако понекогаш патуваме и на егзотични дестинации, кампот секогаш останува 'нашето местo'. Денот ни почнува рано, со кафе во рака и поглед на морето. Потоа следат капење, прошетки, играње со децата, готвење, риболов. Сместени сме во наша приватна приколка која ја средивме по наш вкус – удобна, функционална и доволно пространа за четиричлено семејство“ - вели  Ненад Пантовиќ кој за CRNOBELO.com го раскажува своето искуство од кампувањето. 

na-odmor-so-nenad-sinjori-vo-kamp-stomio-01.jpg

Ненад Пантовиќ (33) од Скопје е ко-основач на брендот за машка елеганција Сињори и човек кој верува дека вистинскиот одмор не мора да биде луксузен – туку искрен, природен и исполнет.

Веќе долги години летниот одмор го поминувал кампувајќи, а сега и со семејството – сопругата и двете мали дечиња.

Прво летото го почнуваат во Љубаништа, а потоа продолжуваат во Стомио, Грција, каде што имаат своја приватна камп приколка. 

na-odmor-so-nenad-sinjori-vo-kamp-stomio-44.jpeg

За CRNOBELO.com Ненад раскажува подетално за летниот одмор во камп:

Кампот во Стомио ни стана омилено летно прибежиште. Сместен веднаш до плажата, со широк и рамен простор, лесно достапен и за семејства со мали деца, нуди идеална база за одмор.

Иако нема природна сенка, условите се чисти, организирани, со сè што ни е потребно во близина – мини маркет, пекара, кафуле и неколку таверни каде што може да се ужива во домашна морска кујна.

na-odmor-so-nenad-sinjori-vo-kamp-stomio-32.jpeg

Сместени сме во наша приватна приколка која ја средивме по наш вкус – удобна, функционална и доволно пространа за четиричлено семејство.

Кампувањето за нас не е „алтернатива” туку избор – вистински одмор, начин на живот во лето.

Тоа чувство на слобода, кога се будиш со звукот на брановите и децата боси трчаат по ситниот песок, не може да се спореди со хотел или апартман.

na-odmor-so-nenad-sinjori-vo-kamp-stomio-23.jpeg

na-odmor-so-nenad-sinjori-vo-kamp-stomio-38.jpeg

Иако понекогаш патуваме и на егзотични дестинации, кампот секогаш останува „нашето место”. Таму се случуваат најискрените моменти – без притисоци, без распоред, без бучава.

Денот ни почнува рано, со кафе во рака и поглед на морето. Потоа следат капење, прошетки, играње со децата, готвење, риболов.

na-odmor-so-nenad-sinjori-vo-kamp-stomio-47.jpeg

na-odmor-so-nenad-sinjori-vo-kamp-stomio-67.jpeg

Јас лично на одмор целосно се препуштам на моите две страсти – спин риболов и spear fishing. Кога ќе уловам нешто, тоа е вистински момент на гордост, особено кога потоа ќе го приготвиме заедно.

Готвењето ми е големо задоволство – најчесто подготвуваме свежа риба на скара, ракчиња, октопод, и традиционални мезе специјалитети, салати со локални продукти, а вечерата под ѕвезди е секогаш магична.

na-odmor-so-nenad-sinjori-vo-kamp-stomio-50.jpeg

na-odmor-so-nenad-sinjori-vo-kamp-stomio-57.jpeg

Често одиме и на дивите плажи во близина, особено на плажата Pigadi – мала, скриена плажа со ситен песок, природна сенка од дрвја, и кристално чиста тиркизна вода.

na-odmor-so-nenad-sinjori-vo-kamp-stomio-70.jpeg

Продолжува на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

На одмор со Николче: „Бевме во камп во Шпанија - беше поевтино од хотел, на плажите нема лежалки, а ... „Овој летен одмор решивме да го поминеме малку поинаку – далеку од класичните хо...
Бев на Малта со повратен лет од Скопје за 50€: Кафе е 2€, печива има за 0.50 центи - но, што не ми с... Се изненадив дека Малта е поголема отколку што очекував. Валета ме воодушеви и п...
Британец кој посетил 160 држави, воодушевен од Македонија: „Најдов секс-шоп под улица, колку чудно м... „Дојдов без очекувања, а ја напуштам Македонија како една од моите омилени држав...
На кое место во Грција (на 300km од Скопје) за 5 евра добивате лежалка, кафе, крофна и вода? „И повеќе од коректна, а плажата е феноменална“.... Коментираат следбениците на ...
„Сакав море, блиску до Скопје, а да не чекам со часови на грчка граница - завршив на рајска плажа во... На 306 километри од Скопје, на околу 3 и пол часа возење, си најдов рајска плажа...
Бев во Рим на два дена, од Скопје со автомобил до Тирана, па со авион за 50€ - Што успеав да видам з... Предноста на сместувањето во Трастевере е што секаде можевме да стигнеме пешки -...

Најчитани неделава