На одмор со Ненад Сињори во камп Стомио: „Одморот не мора да биде луксузен - имаме наша приколка, децата седат цело лето“

До неа се стигнува по кратка патека низ природа, а токму тоа ја прави посебна – тивка, недопрена, со плитко море идеално за дечиња.

Таму често носиме сенка, ладилник и уживаме по цел ден – далеку од гужви, блиску до среќата.

na-odmor-so-nenad-sinjori-vo-kamp-stomio-59.jpeg

Цените во Стомио и околината се прифатливи:

  • Кафе: ~2 €
  • Гиро: ~3.5 €
  • Пиво: ~3 €
  • Морски оброк во таверна: 10–15 €
  • Лежалки: најчесто се бесплатни со нарачка

na-odmor-so-nenad-sinjori-vo-kamp-stomio-29.jpeg

Сето ова ни дозволува да бидеме долго време надвор, без притисок од буџет, а при тоа да живееме квалитетно, здраво и опуштено.

Поради работни обврски, јас најчесто доаѓам за викендите, додека сопругата и децата остануваат цела сезона.

na-odmor-so-nenad-sinjori-vo-kamp-stomio-48.jpeg

Искрено, би препорачал на секое семејство – особено со мали деца – да го доживее кампувањето барем еднаш.

na-odmor-so-nenad-sinjori-vo-kamp-stomio-45.jpeg

Тоа е живот поблиску до природата, со повеќе простор за игра, креативност, поврзување и вистинска слобода. Кампот не е само одмор – тоа е враќање кон она што е суштинско.

na-odmor-so-nenad-sinjori-vo-kamp-stomio-66.jpeg

Повеќе фотки од кампувањето на Ненад со семејството погледнете на следната страница... 


Би можело да ве интересира:

На одмор со Николче: „Бевме во камп во Шпанија - беше поевтино од хотел, на плажите нема лежалки, а ... „Овој летен одмор решивме да го поминеме малку поинаку – далеку од класичните хо...
На одмор со Нина Ред на Миконос: „Нема пауза од забави, сите шетаат дотерани, а за секаде се потребн... „Овде навистина владее ноќниот живот, има посебен дух. Ме воодушевува модата, си...
На одмор со Дарко и Верче во Паралија: „Сет лежалки без кафе чинеа 10 евра, има нови одлични бич бар... „Кога стигнавме таму веднаш се присетивме на тинејџерските денови кога сме биле ...
На одмор со Софија Јанева во Кавала: „Патувавме 6 часа од Скопје со бебе, цените беа умерени, а вода... „Со нас беа и бабите, што ни олесни многу од секојдневните обврски околу нашето ...
На семеен одмор со Ана од Битола во Анталија: „Морето е магија, Турците се љубезни, а ги посетивме т... „Секој ден го почнувавме со турско кафе или чај со поглед на море. Во хотелот бе...
Гиро до 4.70 евра, лежалка со кафе за 3 евра: Какви се цените во Полихроно и Неа Флогита во лето 202... Изминатиот викенд го поминав во Полихроно и во Неа Флогита - гратчиња оддалечени...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg