Вирџинија од Скопје воодушевена од Париз: „Се вратив по 15 години, вреди да се качите на Ајфелова кула“
Вели дека најдобрата пица ја јадела во Франција, подобра дури и од Неапол, но сепак советува дека и покрај многу вкусната храна, да не очекувате дека ќе пиете добро кафе.

„Ако очекувате дека во Париз ќе пиете убаво кафе не се лажете, одете во Италија.
Французите веројатно ги бива за сè, ама не и за кафе.

Кафето во култните кафетерии е преценето, €7-9 и воопшто не е убаво. Ама не седнувате за кафе, седнувате за гледање луѓе и да вдишете историја.
На страна од култните места, цената на кафето е €3-5 во најголем дел од местата“.

Таа открива дека одличен поглед кон Ајфелова кула има и од Галеријата Лафајет, која има руфтоп каде може да уживате со прекрасна глетка од Париз.

„Уште еден видиковец и одлично место за зајдисонце е токму Galeries Lafayette.
Освен што ова не е обична стоковна куќа во ниту еден поглед, на шестиот кат имате огромна бесплатна тераса со поглед на операта, Ајфелова во позадина и голем дел на Париз“.

На Инстаграм Стори Вирџинија дава многу корисни совети за сите кои сакаат да го посетат Париз, а ја открива и магијата на Ајфеловата кула и дали вреди да се качите на неа.
„Ајфеловата кула првично била омразена - многу уметници ја нарекувале „железна грдотија“ кога била изградена во 1889 година.
Има еден куп места и улички од каде што може да ја видите, но Трокадеро е сепак најубавото.
Не ја правете грешката што јас ја направив сакајќи секаде да стигнам додека е ден и сонце, мислејќи дека наредните денови ќе врне... нема да стигнете - Париз е огромен!

Одвојте 1 ден за Ајфелова и сè околу неа.
Ајфелова до врв да или не?

Ако решите да се качите имате 2 опции - до 2 спрат или до врв.
Првиот пат бев во врв, сега до 2 спрат и погледот е ист.
Дури имам чувство дека од 2 спрат поубаво се гледа.
Цената со лифт до 2 спрат е €23, пешки €14.5 ако ви се морат нозе, до врв е €36.
