Вирџинија од Скопје воодушевена од Париз: „Се вратив по 15 години, вреди да се качите на Ајфелова кула“
На мои 18 години, Париз ми беше првото патување во Европа, без телефони и интернет, со хартиена мапа во рака. Ако мислите дека ќе успеете да видите се во Париз за 3-4 дена, размислете двапати. Ајфелова до врв да или не? Првиот пат бев во врв, сега до 2 спрат и погледот е ист“ - Вирџинија од Скопеј раскажува детално за посетата на Париз и има многу совети.

Вирџинија Ристеска од Скопје, позната како @serafinapekkalla за себе вели дека е светски патник, а последно ѝ беше патувањето во градот на светлината.
Таа има посебна приврзаност за Париз, затоа што како што вели, на 18 години, тоа ѝ било првото европско патување сама, каде научила многу лекции, во времето кога не се користеше технологија како денес.

„Париз секогаш ќе биде еден од моите омилени градови.
Не само затоа што е еден од градовите што е на bucket list на секој човек на планетава, туку затоа што Париз ме научи за што сè сум способна.
И Париз ме зарази со познатата travel bug.
На мои 18 години, Париз ми беше првото патување во Европа (а притоа да не е екскурзија од средно) каде бев оставена сама на себе во однос на шетање и снаоѓање.

Зборувам за време без смарт телефони и мапи, интернет, без Инстаграм и spots you must see.
Хартиена мапа на Париз во едната рака, мапата од метрото во другата.
После панорамскиот разглед и Версај, водичот ни даде листа што треба да се види и нè остави 4 дена во градот на љубовта.
Па учи од мапа каде треба да одиш и барај паралелно на мапата од метрото како да стигнеш. Во град во кој никој ниту зборува, ниту сака да зборува англиски“.

15 години подоцна, повторно се најде на истото место, уште повоодушевена од она што градот има да го понуди, а признава дека иако има неколку најпознати атракции, сепак не се доволни 3-4 дена за да се посети и доживее Париз.
„Ако мислите дека ќе успеете да видите сè во Париз за 3-4 дена, размислете двапати.
Уште пак ако сте направиле листа на кафетерии/ресторани (како мене) заборавете ја таа идеја од старт за да не се разочарате.
Дури и да е временски изводливо, ќе заглавите чекајќи ред.

Има толку многу луѓе, што ред не се чека само пред познатите атракции како Notre-Dame, 11 Лувр. Ајфелова, туку буквално и пред секој познат ресторан, кафетерија итн.
Најчесто, ова се места кои немаат резервации (Café de Flour, Angelina, Carette), така што ако сакате баш таму да седнете, истата желба ја има секој што дошол во Париз...“

Прошетки низ големиот број мостови, истражување на околината околу Ајфеловата кула, посета на многу знаменитости со кои градот изобилува, цел ден посветен на Монмартр, и секако Нотр Дам и Лувр, без кои не поминува тура низ Париз.

Освен восхитување на архитектура и историја, таа уживала и во локалните кафулиња и ресторани, каде некогаш седеле големите уметници и писатели.
„Последниот ден во Париз беше резервиран за Монмартр за мене, а и за уметниците од 19 и 20 век, најубавото место во градот.
Шарени улици, уметници и слики, улични музичари на секое ќоше, колоритни бистроа и над сето тоа - Sacré Cœur и поглед на градот.
Ова е боемскиот кварт на Париз полн со душа и шарм што не ја наоѓате на друго место“.
