Србин се жали - кога ќе ја послушаш жена ти да отидеш во Париз во лето на 40˚C, наместо на море: „Полудувам овде“
„Како ми е во Париз среде лето?! Супер, гледаш дека сум како луд. Наместо да одам на море како човек, јас ќе шетам во Париз. Тука треба да дојдеш во пролет или наесен, а во лето одиш на море да уживаш – сега полудувам овде“, вели тажно партнерот на патувачката блогерка Маја Миленковиќ.

Маја Миленковиќ е една од многуте регионални патувачки блогерки, која на одличен начин ги доловува посетените дестинации, но сега стана хит со забавното видео со нејзиниот партнер на нивното патување во Париз среде лето.
Тој шета по пеколните горештини, а таа го прашува: „Kaко ти е во Париз?“
На што ѝ одговара:
„Супер, гледаш дека сум како луд. Наместо да одам на море како човек, јас ќе шетам во Париз.
Тука треба да дојдеш во пролет или наесен, а во лето одиш на море да уживаш – сега полудувам овде“.

Маја додава во описот:
„POV: Ја послушав жена ми наместо себеси.
Јас: „Париз ќе биде совршен...“
Тој, после 15.000 чекори на +40°C е уништен.
Едно прашање за сите парови: Дали би отишле со партнерот/партнерката таму каде што тој/таа сака, иако вие попрво би одбрале сосема друга дестинација?“

Еден од коментарите за поддршка на партнерот гласи:
„И таман ќе посакаш малку да се разладиш, а каде и да влезеш, климите едвај работат.
Значи ужас. Прекрасен град, ама никако за лето“.