Зошто да патувате сами?

zosto-da-patuvate-sami-povekjeНекои уживаат да патуваат сами, но некои воопшто не би си дале таква можност. Постојат многу предности ако патувате сами. Нема караници каде да одите и ...

 

...што да видите.

zosto-da-patuvate-sami

Нема забушанти, нема нервози и слободни сте како птица. Ако сеуште не верувате во соло патување еве неколку факти кои можеби ќе ве разубедат.

1. Слобода – да одите и да правите што сакате кога сакате. Ретки се ваквите моменти во животот. На работа постои ред, дома исто така. Но, ако патувате сами, нема никакви грижи и обврски кои би ве попречиле да уживате сами со себе, во нова земја или град.

2. Станувате подостапни – без фамилија, сопатник, другари или деца, брзо ќе стекнете нови познанства. Луѓето полесно приоѓаат на еден човек отколку на цела багра. Соло сте послободни и подостапни за останатите.

3. Подвижност – на групни патувања често мора да се движите сите заедно. Тие сакаат да тргнат рано наутро – а вас ви се спие. Секако, мора да станете и да се придружите на останатите. На крај ќе ве одведат на некое глупаво место кое никогаш не би го посетиле да сте сами. Вака имате комплетна слобода на движење и разгледување она што навистина ве интересира.

Кај ваквите патувања најважно е да се ослободите од стравот и да сфатите дека странските земји се отворени за туристи и доволно е да го познавате англискиот јазик за да се разберете. Само без страв и тргнете во истражување нови земји и обичаи.

Би можело да ве интересира:

Тоса де Мар - најживописното место на шпанскиот брег Коста Брава, со поглед од плажа кон тврдина Ако сакате живописни локации ова е една од најубавите на Коста Брава брегот. Поз...
На одмор со Маја Кикириткова во хрватски камп: „Поскапо е од кампување во Грција, но има топла вода ... „Првата година отидовме кај пријатели во Љубаништа, со нас немавме буквално ништ...
Како да ги избегнете најголемите гужви на границата со Грција, пред двата продолжени викенди? Следните два викенди во Македонија се продолжени - понеделник 25 мај е неработен...
Атмосферата на Градиште во лето 2025 - освежени цртежи, рајски катчиња (фото) Мммм, кристално чистата вода на Градиште и експлозијата од бои на „Jungle Beach“...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2025 како излезени од бајка – кога да ги посетите? Гдањск во Полска е избран за најубав божиќен пазар за сезоната 2025-26, но кои с...
„Бев во Јужна Италија, со авионски лет од Скопје кој трае 1h, и посетив 6 магични гратчиња“ „Бев сместена во стариот град на Бари, оној најавтентичниот, каде што преку проз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg