Рај за очи и душа: 12-те најубави плажи во Италија

Дали мислевте дека плажите на Капри се прекрасни и сосема доволни за да уживате во убавините на Италија? По неколку фотки веројатно ќе се убедите токму во спротивното...

12-te-najubavi-plazi-na-italija-01.jpg

Од Сицилија од Лигурија, кои се 12-те најубави плажи на Италија?

1. „Marasusa“

Лоцирана во прекрасниот град Тропеја, оваа плажа се смета за бисер на Калабрија и место каде се симнале боговите, а ако имате можност да појдете таму, ќе сфатите зошто дури и боговите би ја одобриле.

12-te-najubavi-plazi-na-italija-1.jpg

2. „Cala Granara“

Лоцирана на архипелагот Мадалена, помеѓу Корзика и Сицилија, оваа плажа ќе ве прелаже дека сте во некој тропски предел со бели песоци и палмини дрвја под кои можете да уживате во некој ладен коктел во кокос.

12-te-najubavi-plazi-na-italija-2.jpg

3. „Cala Pulcino“

Лоцирана во Лампедуза, најголемиот меѓу Пелагиските острови, до оваа плажа за да дојдете ќе треба да пропешачите, но откако ќе стапнете на белиот песок, ќе сфатите зошто вредел трудот.

12-te-najubavi-plazi-na-italija-3.jpg

4. „Cala Goloritze“

Ова е една од најпознатите италијански плажи, мала, но прекрасна, толку уникатна што е заштитена и од УНЕСКО уште од 1995-та година.

12-te-najubavi-plazi-na-italija-4.jpg

5. „Chiaia di Luna“

Рамна прекрасна плажа која се крие зад вулканска карпа висока дури 8 метри, добива облик на полумесечина, па оттаму го добила и своето име.

12-te-najubavi-plazi-na-italija-5.jpg

6. „Riva di Ugento“

Можеби не звучи така гламурозно како што звучат оние познатите плажи или не е карактеристична како што е случајот и со „Chiaia di Luna“, но има своја дива убавина по која не останувате рамнодушни.

12-te-najubavi-plazi-na-italija-6.jpg

Уште 6 плажи на следната страна...



Би можело да ве интересира:

5-те најубави плажи во близина на Кавала (идеални и за забава и за одмор со деца) Плажата Vrasida е сместена во залив, помеѓу Ammolfi и Nea Peramos и е една од на...
Каде да летувате во Хрватска ако сакате песочни плажи? За Хрватска, првата помисла за плажите најчесто е карпести и камени плажи со кри...
„Од Скопје до Сицилија стигнав за 6 часа - летав преку Софија за 27 евра, јадев бургер од коњско мес... „Пет дена се премалку да се доживее Сицилија - домот на озлогласената мафија, ву...
Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...
10 места на грчкиот остров Тасос што вреди да ги посетите Од лагуната Giola со природен карпест базен, до планинското село Panagia, на Тас...
Ивана од Скопје: „Работев како фотограф на брод, крстарев низ француските Кариби - што ме воодушеви ...  Досега имам посетено многу поморски градови, пристаништа, популарни монден...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg