Ајде на Бахами!

ajde-na-bahami-povekjeКој го чека летото со душа, еве можност барем на кратко да отпатува со мислите до Бахамите. Бахамите се островска држава во Атлантскиот океан.

 

Архипелагот од 700 острови покрива површина од околу 160.000 метри квадратни од Атлантскиот океан.

На островот New Providence се наоѓа и главниот град Nassau во кој живеат 2/3 од населението. Тропската клима и природните убавини се причина зошто важат за една од најпопуларните туристички дестинации на светот.

ajde-na-bahami-1

Andros е најголем остров на Бахамите. Се наоѓа во западниот дел, а останатите позначајни отрови се на северот.

Најголем дел од Бруто Домашниот Производ (повеќе од 60%) е резултат на туризмот. Културата на Бахамите е европска измешана со африканска како резултат на трговијата со робови.

ajde-na-bahami-2

Англискиот јазик е официјален јазик кој го разбира целото население од кое 85% се црнци. Средство за плаќање е Бахамскиот долар кој има еквивалентна вредност со американскиот долар.

Бахамите се посебно познати по тоа што Кристофер Колумбо прв стапнал на островот Сан Салвадор во југоисточниот дел. Тогаш на Бахамите живееле околу 40.000 индијанци. Подоцна сите се поробени и нивното друштво набргу исчезнало.

ajde-na-bahami-5

Првите англиски доселеници се населиле на островот во 1650-та година, а со доаѓањето на гувернерот Вудс Роџерс во 1718 година, службено стануваат дел од Британското царство.

На чело на државата е кралицата Елизабета II, а ја претставува гувернер генерал кој се избира по препорака на владата.

ajde-na-bahami-3

На Бахамите може да пронајдете најразновидна исхрана. Препорачуваат да ги пробате локалните специјалитети и морски плодови.

ajde-na-bahami-4

Превозот не е проблем бидејќи таксистите се достапни во секој момент, како и можност за изнајмување возила, мотори па дури и лимузини.

Би можело да ве интересира:

Најубави плажи во близина на Олимпијада, Халкидики - песочни и со кристално чисто море Олимпијада е мало местенце, сместено на западоисточниот брег на Халкидики. Се на...
20-те најпосакувани патувачки искуства на луѓето ширум светот Од одмор на Малдивите, до посета на затворот Алкатраз и планинарење на Хималаите...
Гари, Зрзе - Шест преубави македонски села кои треба да ги посетите Зовиќ, Гари, Ореше - сте ги посетиле ли овие наши преубави села? Ако не, време е...
Неверојатни плажи во јужниот дел на Португалија Само што ќе се спомене Португалија, веднаш ја поврзуваме со песочни плажи, сонче...
Предлог за кратко викенд патување: 5 преубави македонски села Овие пет села се само мал дел од богатата ризница на Македонија. Ги има уште мно...
5 најубави плажи на грчкиот остров Скирос Скирос е волшебен грчки остров во Егејското Море... Тој е скриен скапоцен камен ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg