Неверојатни плажи во јужниот дел на Португалија

Само што ќе се спомене Португалија, веднаш ја поврзуваме со песочни плажи, сончеви денови и Атлантскиот Океан. Ајде, да ги разгледаме можностите за плажа. Нема да лутаме многу, туку ќе наведеме плажи кои се наоѓаат во најјужниот дел од Португалија, наречен Алгарве.  

plazi-vo-najjuzniot-del-od-portugalija-koi-kje-vi-go-privlecat-vnimanieto-01.jpg

Дел од спектакуларните плажи во Португалија:

Praia da Rocha

Листата ќе ја започнеме со плажата, која е симбол за регионот Алгарве и може да се каже дека е една од омилените на туристите. Со должина од еден километар и опколена со гребени со топли бои, Praia da Rocha заслужено се искачува на врвот од најпознатите плажи во Португалија.

Praia da Marina

Ова е плажа со мирна вода, која е сместена десно од устието на реката Араде, што истовремено ја дели од Praia da Rocha. Ако сакате да бидете настрана од гужви и турканици, тогаш оваа мала, но симпатична плажа, ќе ви обезбеди сé што ви треба да за си поминете убаво.

Praia dos Três Castelos

Пред да се спуштите на плажата, имате видиковец, кој ви овозможува да нурнете во широчините на Атлантскиот Океан. Кога очите ќе ги задоволите со синевината на водата, по скалите ќе се најдете на ситниот песок, каде освен што ќе уживате во карпи и гребени, ќе имате можност да ги гледате заводливите летови на соколите и различните видови на галеби.

Praia dos Careanos

Како последен предлог од нас е плажата Praia dos Careanos, која се поврзува со Praia da Rocha и Praia dos Três Castelos. Многумина за оваа плажа велат дека чекорењето по ситниот песок е исто како да се наоѓате во рајот. Тоа се надополнува заедно со различните форми на карпи, кои одаваат еден хармоничен призвук на просторот.

Е. Х. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 рајски плажи на Лефкада кои мора да ги посетите - 50 нијанси сино и совршен поглед Лефкада, малиот грчки остров кој излегува на Јонско Море, за многумина е најубав...
Тоса де Мар - најживописното место на шпанскиот брег Коста Брава, со поглед од плажа кон тврдина Ако сакате живописни локации ова е една од најубавите на Коста Брава брегот. Поз...
Плажа во Хрватска е вистински рај – скриена под карпа, со бесконечно синило и бистра вода Нема да ја видите по пат, треба малку да се помачите за да стигнете до неа, но ќ...
На одмор со Софија Јанева во Кавала: „Патувавме 6 часа од Скопје со бебе, цените беа умерени, а вода... „Со нас беа и бабите, што ни олесни многу од секојдневните обврски околу нашето ...
10 најубави плажи во Европа за 2025 – три се во Италија, две во Грција Од сите плажи во Италија кои се на листата, сите се на Сардинија и освојуваат со...
Не е Кариби, Халкидики е: Најубавата плажа во Европа за 2025 одзема здив со рајска убавина Глетката од птичја перспектива одзема здив со уникатната формација поделена во д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg