Почнавте да штедите за одмор?

pocnavte-da-stedite-za-odmor-povekjeБез оглед што можеби ви се чини дека не е време за штедење, немојте да се откажувате. За штедење е секогаш вистинско време, а колку порано почнете...

 

...толку поголеми ви се шансите за да заштедите доволно.

Следуваат летни одмори, можностите за патување се отворени, самостојност во животот...

pocnavte-da-stedite-za-odmor

1. За штедење никогаш не сте премлади. Иако мислите дека штотуку сте почнале да работите, дека платата ви е мала, дека мора да си купите некои ситници – обидете се да го инволвирате и штедењето.

Не мора да биде значајна сума, но на долг рок и од ситната заштеда ќе имате голема корист.

2. Живејте под своите можности. Ако сте студирале сигурно сте навикнати на скромен живот и со душа чекате да ги трошите парите кои сте ги заработиле сами.

Ако сте се вработиле по средно училиште сигурно сте среќни што не барате пари од родителите и трошите свои пари.

Не се расфрлајте. Немојте веднаш да трошите на автомобил, козметики, алишта, стан...

3. Направете фонд за вонредни трошоци. Тешко е да се штеди кога одвај имаме и за основните потреби, но имајте предвид дека секогаш се појавуваат непредвидливи трошоци.

Ако имате на страна тргнато нешто “за секој случај“ полесно ќе ги премостите проблемите.

Ако соберете доволно, а нема екстра трошоци – можете да ги искористите за летување, зимување или нешто слично.

4. Внимателно со кредитните картички. Не мора да имате 5 картички, понекогаш и една е премногу. Иако е привлечно да купите нешто на намаление со картичка, веројатно кога ќе дојдат ратите ќе сфатите дека можеби и не ви било потребно. Кредитните картички често имаат додатни трошоци, годишни чланарини, камати...

5. Само затоа што сте квалификувани за кредит – не значи дека треба да земете. Кола и стан се долгорочни инвестиции. Размислете дали можете ратите да ги отплатувате наредните 5-30 години.

Дали ќе имате доволно за живот? Ако останете без работа? Обидете се прво да имате заштедено, па потоа да земете кредит.

Би можело да ве интересира:

Топ 20 дестинации кои треба да ги посетите во 2026-та, според искусни патувачи Бали е на првото место, но има уште многу други дестинации кои се лесно достапни...
Атмосферата на Градиште во лето 2025 - освежени цртежи, рајски катчиња (фото) Мммм, кристално чистата вода на Градиште и експлозијата од бои на „Jungle Beach“...
Најубавите дестинации во Европа за 2025 (ако завршивте со класични летни одмори) Монако е прв на листата за најубави европски дестинации за 2025, но тука се и Ис...
„Во изминатите 3 години имав повеќе од 80 летови – научив 10 трикови кои секој треба да ги знае“ Авионските карти обично се со најповолна цена 4-6 недела пред датумот за летање....
Како во рајот: Најубавиот пристап во море преку скали се наоѓа во Хрватска (фото) Бајковита вила во заливот Чикат на островот Лошињ ги има најубавите скали за вле...
На одмор со Дарко и Верче во Паралија: „Сет лежалки без кафе чинеа 10 евра, има нови одлични бич бар... „Кога стигнавме таму веднаш се присетивме на тинејџерските денови кога сме биле ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg