За љубителите на кампувањето

za-ljubitelite-na-kampuvanje-povekjeАко сте љубител на кампувањето, најдобрите европски кампови нудат вистински одмор по достапни цени. Авторите на книгата "Cool Camping Europa"...

 

...одбрале 80 најдобри кампови на Стариот континент и покажале дека не сите кампови се врзани со масовен туризам.

Ова се првите 5:

1. La Fresneda, Каталонија

za-ljubitelite-na-kampuvanje-1

Кампот има 28 локации за сместување помеѓу маслинови дрвца и бадеми. Од 2002 година е под раководство на пар од Холандија кој на гостите во локалниот ресторан им нуди шпански специјалитети и вино од локални производители.

2. Il Falcone, Италија

za-ljubitelite-na-kampuvanje-2

Умбрија, регионот во кој се наоѓа кампот, се уште не е локација за масовен туризам. Можностите за сместување се крај брегот од каде имате прекрасен поглед на блиското езеро, а градот Орвието ве кани на дневни излети.

3. Camp Spirit, Холандија

za-ljubitelite-na-kampuvanje-3

Гостите не мора да се грижат за сместување, затоа што домаќините на располагање ставаат разни шатори. Во секој од нив има “кревети“, садови и основни намирници. Интересно хипи место.

4. Areti, Грција

za-ljubitelite-na-kampuvanje-4

Шаторот можете да го поставите веднаш до плажата или нешто подлабоко во шумата со борови и еукалиптуси. Доколку ви здодее кампувањето, може да изнајмите дрвена куќичка, а кампот нуди и низа спортски активности.

5. Les Romarins, Франција

za-ljubitelite-na-kampuvanje-5

Одличен избор за сите кои сакаат да го посетат Монако и Азурното крајбрежје. Кампот се наоѓа во близина на панорамската улица над Монако и по прифатливи цени нуди сместување со прекрасен поглед на море.

Би можело да ве интересира:

Како во рајот: Најубавиот пристап во море преку скали се наоѓа во Хрватска (фото) Бајковита вила во заливот Чикат на островот Лошињ ги има најубавите скали за вле...
9 работи кои ги пакувате непотребно во куфер (и откриваат дека сте неискусен патувач) Носите куп облека и работи за секој случај кои никогаш нема да ви требаат, како ...
Пингвини, фоки: Србинка плаче од среќа на Антарктикот и скокна во ледениот Јужен Океан (фото+видео) „Често од другите слушам дека мислат оти сум помалку луда, а денес тоа си го пот...
Топ 5 најубави плажи на Макарска ривиера во Хрватска Макарска повторно станува популарна дестинација кај младите, но и кај семејстват...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2025 како излезени од бајка – кога да ги посетите? Гдањск во Полска е избран за најубав божиќен пазар за сезоната 2025-26, но кои с...
Плажа во Хрватска е вистински рај – скриена под карпа, со бесконечно синило и бистра вода Нема да ја видите по пат, треба малку да се помачите за да стигнете до неа, но ќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg