10 Најчести грешки при патување

10-najcesti-greski-pri-patuvanje-povekjeСамо една непромислена одлука, грешка или пропуст може одморот и патувањето од сон да ги претворат во ноќна мора и да ве остават без убави спомени.

 

Меѓутоа, можете сето тоа да го избегнете ако на време почнете да се подготвувате за пат и ако имате на ум што се’ мора да направите.

Како да ги избегнете највообичаените грешки за време на патувањето?

10-najcesti-greski-pri-patuvanje

1. Ако патувате со авион погрижете се да сте на аеродромот 2 часа порано. Пропуштен лет има секогаш неубави последици и носи екстра трошоци.

2. Внимавајте на временската разлика кога резервирате летови, автомобили или сместување.

3. Копирајте ги важните документи: пасош, виза, осигурување, кредитни картички, резервации.

4. Проверете дали картичката која ја носите е прифатена во земјата каде одите.

5. Пред пат подгответе си ја меѓународната возачка дозвола.

6. Проверете да не сте се упатиле на погрешен терминал на аеродромот. Во поголемите градови на аеродромите има повеќе терминали

7. Проверете ги цените за повици, мобилна и фиксна телефонија.

8. Проверете дали додека сте на одмор има некој празник во земјата или кога пристигнувате е празник, да не се најдете во ситуација ништо да не работи, сите хотели да се резервирани...

9. Пазете да не привлекувате џепчии и крадци. На јавни места не покажувајте накит, пари или други вредни предмети.

10. Почитувајте ја културата, правилата и обичаите на земјата во која се наоѓате.

Тешко е на се да се мисли особено ако ве тресе патувачка грозница. Наједноставно е да си направите листа со се’ што треба да направите пред пат.

Би можело да ве интересира:

На одмор со Маја Кикириткова во хрватски камп: „Поскапо е од кампување во Грција, но има топла вода ... „Првата година отидовме кај пријатели во Љубаништа, со нас немавме буквално ништ...
8 места во и околу Скопје за излет во природа - Каде за Први мај? Дали и вас Први мај ве асоцира на излет во природа? Ако одговорот е „да“, а прит...
Магично шпанско селце за кое не ви треба мапа - 2 часа ви се доволни за прошетка, се наоѓа на Коста ... Ќе уживате да се „губите“ по неговите улички со калдрма, ќе се чувствувате како ...
Не е Кариби, Халкидики е: Најубавата плажа во Европа за 2025 одзема здив со рајска убавина Глетката од птичја перспектива одзема здив со уникатната формација поделена во д...
Фото-прошетка низ еден од најубавите манастири во околината на Скопје - ќе посакате да испиете кафе ... „До манастирот (за мене омилен во околината на Скопје) со нормално темпо, без фо...
10 најубави плажи во Европа за 2025 – три се во Италија, две во Грција Од сите плажи во Италија кои се на листата, сите се на Сардинија и освојуваат со...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg