Како да уживате во одморот

soveti-kako-da-uzivate-vo-odmorot-povekjeКолку и да сакаме, често пати во текот на својот годишен одмор не се одмараме. Тешко е од урбаниот начин на живот, напорна работа, одеднаш да се...

 

...префрлиме на опуштен начин на живот.

За да се вратите со полни батерии послушајте ги нашите совети:

soveti-kako-da-uzivate-vo-odmorot

 1. Купете поинаков гел за туширање и шампон од оние кои редовно ги користите. На тој начин ќе доживеете поинакво мирисно искуство и тој мирис секогаш ќе ви асоцира на море и годишен одмор.

2. Понесете лесни книги за читање. Тешката литература оставете ја за дома. ВИ треба книга која ќе ве забавува и одмори.

3. Тешко е да се каже да го заборавите мобилниот телефон дома. Но, може да се потрудите да не го користите или да го користите минимално.  Заборавете го во соба и проверете го само пред спиење.

4. Иако знаете дека ве чека куп работа кога ќе се вратите дома, занемарете го сето она што сте го оставиле во градот. Вашето замарање и мислење на работата нема да ги намали обврските кои ве чекаат, а ќе ве онерасположат за време на одморот. Не ви треба стрес во тие денови.

5. Ако можете да си дозволите, заборавете на готвење и јадете во ресторани. Ако не ви дозволуваат финансиските можности, сведете го готвењето на минимум.

6. Немојте да испланирате се’ однапред. Убаво е да знаете што ќе правите на летувањето но, магијата е во спонтаните авантури. Уживајте во моментите кои не ви одат по планот.

7. Прилагодете се на местото во кое одите. Можеби имате свои секојдневни ритуали дома, но секогаш ќе ви останат во глава оние поинакви посебни денови. Станете и не вклучувајте компјутер. Отидете на плажа и уживајте комплетно!

8. Имајте свој посебен ритуал за време на годишниот одмор. Тоа може да биде пиење кафе во исто кафуле, нов коктел кој сте го испробале или иста салата со секој оброк.

9. Заборавете на времето. Немојте да се оптеретувате колку е часот, кога треба да си легнете или да станете. Правете го она што го сакате. Ако се разбудите во 8 наутро, искористете го денот. Ако се разбудите на пладне бидете среќни што сте се наспале.

10. Пробувајте храна која е типична за местото каде сте сместени. Пијте домашни вина, уживајте во духот на местото и препуштете се комплетно на својот одмор.

11. Носете ги само најпотребните работи. Уживајте во летни, тенки алишта и лесни обувки.

12. Не размислувајте постојано за парите. Ако сте одлучиле да одите на одмор, со себе носите пари кои сте планирале да ги потрошите, и немојте да гледате да заштедите. Уживајте! Работите за да си овозможите нешто повеќе. Заборавете на интернет и дневни весници. Исклучете се од надворешниот свет. Уживајте во неинформираноста што се случува во вашата земја и светот.

13. Ако одите фамилијарно или во друштво, одвојте време само за себе. Ако не е возможно во текот на денот, разбудете се порано и на мира испијте кафе сами. Навечер слободно прошетајте се сами по плажата.

14. Престанете да ги броите калориите. Јадете што ви душа сака. Неколку дена нема многу да влијаат на вашата линија.

Би можело да ве интересира:

На 50 километри од Барселона се наоѓа гратчето Калела - медитерански рај совршен за одмор (фото) Ако сакате одмор по пристапни цени, но со шпански дух и медитерански шмек, плус ...
8 рајски плажи на Лефкада кои мора да ги посетите - 50 нијанси сино и совршен поглед Лефкада, малиот грчки остров кој излегува на Јонско Море, за многумина е најубав...
Мало бајковито гратче со замок покрај река во Хрватска е како сцена од сликовница (фото) На 65 километри од Загреб се наоѓа мало историско гратче со тврдина на карпест р...
Бев во Рим на два дена, од Скопје со автомобил до Тирана, па со авион за 50€ - Што успеав да видам з... Предноста на сместувањето во Трастевере е што секаде можевме да стигнеме пешки -...
Бонтон правила што мора да ги почитувате кога патувате во странство Немојте да се облекувате несоодветно и почитувајте ги светите места на локалците...
Бев на Малта со повратен лет од Скопје за 50€: Кафе е 2€, печива има за 0.50 центи - но, што не ми с... Се изненадив дека Малта е поголема отколку што очекував. Валета ме воодушеви и п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg