Хрватка која летово го шетала Охрид: 8 причини зошто и вие да го посетите овој бисер на Македонија
Понекогаш забораваме да го цениме она што е наше, па таква е ситуацијата и со магичниот Охрид, но затоа искуствата на странците ќе нè потсетат какво богатство имаме.
Мија Дропуљиќ од Хрватска летово го посетила Охрид и своето воодушевување од бисерот на Македонија одлучи да го сподели со сите.
Годинава наместо на море одлучила својот летен одмор да го мине во Охрид. Многумина биле изненадени зошто донела ваква одлука, па на прашањето таа им одговара со 8 силни причини зошто и тие да појдат во земјата во кое сонцето вечно сјае и да го видат Охридското Езеро, бисерот на Македонија.
Мија ги открива 8-те причини зошто сите треба да го посетат Охрид:
Охридското Езеро
Сите слушнале за убавината на Охридското Езеро, но ако не сте биле таму немате претстава за неговата величественост и убавина. Никогаш нема да го заборавам мигот кога застанав на крајбрежјето на овој европски бисер и ја впивав неговата убавина кога шетав од центарот на Охрид, па до црквата Св. Јован Канео.
Охридското Езеро е уникатно затоа што има 200 ендемски видови од кои некои се стари и 30 милиони години. Тоа се вбројува меѓу најголемите, најдлабоките и најстарите езера во Европа, зафаќа површина од 358,2 квадратни километри и најголемата длабочина е 289 метри.
Градот
Од луксузни хотели до приватно сместување, во Охрид ќе пронајдете сè. Градот Охрид е богат со историја и се нарекува и балкански Ерусалим, затоа што некогаш имал 365 цркви, по една за секој ден во годината.
Денес нема толку, но дефинитивно најпопуларна е црквата Св. Јован Канео, чија локација во која било доба од денот го остава без здив секој посетител.
Мора да се посетат и античкиот амфитеатар, Самуиловата тврдина, од која има прекрасен поглед на езерото и градот со околината, потоа црквата Свети Климент и Пантејлемон, каде ќе го почувствувате духот на стариот Охрид во полн сјај.
Не заборавајте да се прошетате и во турскиот дел од градот, кој е помал од тој во Скопје, но е многу живописен.
Излет до Заливот на коските и манастирот Свети Наум
Задолжително е да појдете на излет со брод. На голем брод ќе ве чини 10 евра, а ако сакате поинтимна прошетка со луксузен глисер тогаш ќе ве чини 20 евра. Најпопуларна дестинација е манастирот Свети Наум, а на патот до таму ќе го посетите и Заливот на коските (Bay of bones).
Заливот на коските е археолошки локалитет на праисториска наколна населба и има платформа со реконструирани живеалишта со кој е прикажан начинот на кој некогаш се живеело. Ќе видите прекрасна тиркизна вода во која пливаат риби, па и по некоја водна змија.
Свети Наум е едно од најубавите места на Охридското Езеро и ќе ви пружи незаборавен поглед на езерото и неверојатни бои, кои ги создава изворот на реката Црни Дрим. Ако ви е топло, тука можете да се релаксирате и на плажа.