10 одлични причини зошто мора да го посетите Сан Себастијан

Познат уште по името Доностија, лоциран во Баскија, Сан Себастијан несомнено треба да ви биде на листата на туристички предизвици во животот. Идеално место за истражување во кое ќе пронајдете превкусна храна, архитектура која го одзема здивот и природа која ги заслепува сетилата.

10-odlicni-pricini-zosto-mora-da-go-posetite-San-Sebastijan-01.jpg

Ова се само 10 причини зошто да го одберете Сан Себастијан како ваша следна патувачка дестинација:

Неговата неспоредлива убавина

Сан Себастијан е град со 186.000 жители, амфитеатрално поставен со поглед кон морето и признат низ целиот свет за изгледот на неговиот спектакуларен залив, познат под називот Бисерот на Кантабриското Море. 

Неговата запрепастувачка убавина, космополитскиот изглед и квалитетот на воздухот ќе ги искусат сите оние коишто ќе го посетат градот, а се очекува дека во иднина ќе стане најдобрата дестинација за конгреси.

10-odlicni-pricini-zosto-mora-da-go-posetite-San-Sebastijan (5).jpg

Неговата привилегирана географска поставеност

Градот има привилегирана позиција во Европа. Се наоѓа на само 20 километри од границата со Франција, а помалку од 100 километри од останатите баскиски главни градови.

Престојувањето во Сан Себастијан ќе ви овозможи да посетите легендарни градови и места како што се аристократскиот Биариц и познатиот Гугенхајм Музеј во Билбао.

10-odlicni-pricini-zosto-mora-da-go-posetite-San-Sebastijan (19).jpg

Лесната пристапност до градот

Прилично едноставно може да дојдете до Сан Себастијан, без разлика кој вид на транспорт ќе го одберете. Има добра патна инфраструктура која постојано се подобрува, национални и интернационални железнички поврзувања со француската TGV и има свој аеродром.

Градот, исто така, е оддалечен на помалку од еден час возење со автомобил од двата интернационални аеродроми Билбао и Биариц.

10-odlicni-pricini-zosto-mora-da-go-posetite-San-Sebastijan (15).jpg

Фактот колку е лесно да се снајдете низ него

Сан Себастијан има совршена големина за да го прошетате целиот пеш или со велосипед, што значи дека бизнис- туристите на конгресите можат лесно да се прошетаат од едно до друго место пеш и максимално да го искористат својот престој.

Градот има неколку пешачки зони, паркови, градини и спектакуларни места за прошетка покрај река, што прави многу лесно да се стигне до интересните делови со алтерантивни начини на транспорт.

10-odlicni-pricini-zosto-mora-da-go-posetite-San-Sebastijan (18).jpg

Совршена дестинација за тим билдинг и бизнис настани

Сан Себастијан е еден од водечките градови во Шпанија за одржување на настани, благодарение на неговото долгогодишно организациско искуство и широката мрежа на инсталации. 

Модерната инфраструктура, опремена со најновата технологија и врвните професионални тимови, го осигуруваат не само успехот на настанот, туку и тоа дека истиот ќе биде незаборавно искуство.

10-odlicni-pricini-zosto-mora-da-go-posetite-San-Sebastijan (8).jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
10-те најдобри туристички искуства во Хрватска, според посетителите Хрватска е една од омилените дестинации за нашите, но и за светските туристи. Се...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
9 предлози за одлична забава во Нови Сад за викенд – Кои настани да ги посетите во септември и октом... Кога температурите ќе почнат да паѓаат, лисјата да пожолтуваат, а низ улиците на...
Го посетив селото на Попај морнарот во Малта - бајковита дестинација која ме врати во детството и ми... Она што навистина ме врати во детските денови и ја разбуди мојата меморија со сл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg