Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C

Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Ненеците сè што им треба за да преживеат - од кожата прават облека, чизми и прекривки, од коските прават садови и делови за санките, а месото од ирвасите им е главна храна. 

neneci-pleme-koe-zhivee-na-rabot-na-svetot-jadat-meso-od-irvasi-od-kozhata-pravat-obleka-za-da-prezhiveat-na-50-c-01.jpg

Ненеците се племе во Русија кое го следи номадскиот начин на живот на нивните предци. За да преживеат, годишно поминуваат пеш и до 2.000 километри и своите кампови ги селат од студените во потоплите делови на Сибир.

Познати се и под името Самоједи, но и по тоа што живеат во екстремни услови, на температура до -50°C, а се хранат со месо од ирваси. Од нивната кожа, пак, прават облека која ги топли.

neneci-pleme-koe-zhivee-na-rabot-na-svetot-jadat-meso-od-irvasi-od-kozhata-pravat-obleka-za-da-prezhiveat-na-50-c-03.jpg

Преку зима, овој народ ги поставува своите кампови јужно од делтата на реката Об.

Во овој дел од земјата температурите може да се спуштат и до -50°C, па и покрај суровите временски услови, тие преживеале неколку илјади години благодарение на ирвасите.

neneci-pleme-koe-zhivee-na-rabot-na-svetot-jadat-meso-od-irvasi-od-kozhata-pravat-obleka-za-da-prezhiveat-na-50-c-02.jpg

Преку лето, пак, одат кон северот на полуостровот Јамал, каде што се наоѓаат пасиштата и нивните летни кампови.

Полуостровот Јамал, кој се наоѓа во Арктичкиот Океан, на ненетски јазик значи „работ на светот“.

neneci-pleme-koe-zhivee-na-rabot-na-svetot-jadat-meso-od-irvasi-od-kozhata-pravat-obleka-za-da-prezhiveat-na-50-c-04.jpg

Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“, кого лесно го препознаваат во стадото ирваси и кој е „ослободен“ од влечење санки.

Ирвасите им нудат на Ненеците сè што им треба за да преживеат.

neneci-pleme-koe-zhivee-na-rabot-na-svetot-jadat-meso-od-irvasi-od-kozhata-pravat-obleka-za-da-prezhiveat-na-50-c-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

На одмор со Софија Јанева во Кавала: „Патувавме 6 часа од Скопје со бебе, цените беа умерени, а вода... „Со нас беа и бабите, што ни олесни многу од секојдневните обврски околу нашето ...
На одмор со Маја Кикириткова во хрватски камп: „Поскапо е од кампување во Грција, но има топла вода ... „Првата година отидовме кај пријатели во Љубаништа, со нас немавме буквално ништ...
Топ 9 туристички грешки во Рим (кои не треба да ги направите) Во Рим ќе пешачите многу, бидејќи повеќето знаменитости се релативно блиску една...
Калитеа – 30 евра по особа, Сивири – со консумација: Какви се цените за лежалки на првиот крак во Гр... На дел од градските плажи, потребна е одредена минимална консумација на пијалаци...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg