Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C
Од нивната кожа прават облека, но ја користат кожата и за да ги прекриваат домовите и да се заштитат од студот.
Од неа изработуваат и чизми и прекривки.
Од коските, пак, прават садови и делови за санките.
Месото од ирвасите, им е главната храна. Го јадат сирово, варено или замрзнато.
За да се прехранат, ловат и риба.
Ненеците се племе кое живее во шатори кои се направени од кожа и коски од ирвасите.
Тие овие шатори можат да ги расклопат и да ги состават за помалку од два часа.
А, поради одличната изолација, внатре е топло и пријатно и кога температурите надвор се многу под нулата.
Во Русија, според пописот на населението од 2010 година, имало вкупно 44.640 Ненеци.
Но, последниве години сè повеќе членови на племето го оставаат традиционалниот начин на живот и се селат во останатиот дел од Русија, каде што се препуштаат на модерниот начин на живот.
А. Ј. | Црнобело / фото: depostiphotos.com