18 факти за животот во Австралија, една од најсреќните земји на светот
Социјализацијата е клучот за успех на професионално поле во Австралија, а дури и во најнатпреварувачки настроените тимови луѓето се трудат да си помагаат еден на друг.

Многу луѓе за време на паузата од работа одат на џогирање во некоја од ботаничките градини.

Најдобар начин за опуштање е скарата во двор и речиси секое семејство има скара и се забавува вака со мезе, пијалак и разговор.

Спортот во Австралија е религија и насекаде ќе видите атлетски градени мажи и жени.

Сурфањето е дел од локалната култура, а некои луѓе одат на сурфање дури и пред работа.

Во училиштата децата се опуштени, седат дури и на подот и веднаш ги прифаќаат новите другарчиња, дури и кога се од други земји. Немаат многу домашни задачи.


Треба да бидете внимателни со животнискиот свет и инсектите, чевлите ако стоеле надвор неколку часа треба да се протресат да не има нешто влезено и пред капење во океанот треба да ги прочитате знаците дали има медузи.

Луѓето ги оставаат на улица работите од домаќинството кои повеќе не ги користат и можете да ги земете гратис, доколку ви се потребни. Австралијците се мрзеливи да поправаат, па фрлаат работи кои се во добра форма.

Животот во Австралија е комфорен, безбеден и кул.


С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Многу ветер, згради без лифтови и уште 7 негативни страни на животот во Данска + 12 позитивни
Наоѓањето стан во Копенхаген или Oрхус може да биде предизвик. Не очекувајте бај...
Хрватот што ги посети сите земји во светот: „Спиев во најскапите хотели, но и во дупки од 1 евро и с...
„Јадев во ресторани со Мишелин ѕвезди, но и на места каде што многу луѓе дури и ...