Инстаграм тура низ брегалнички регион - гео сафари низ скриените богатства на Македонија (фото)

Како мал, дедо ми честопати ми даваше разноразни совети, де за живот, де за пријателство… но, она што засекогаш остана впиено во мене е сугестијата секое слободно време да го искористам и да бидам во природа. 

instagram tura niz bregalnicki region ili geo safari niz skrienite bogatstva na makedonija 3

Неодамна се одржа третата Инстаграм тура низ брегалничкиот регион во Македонија.

Јас, заедно со уште десеттина други Инстаграм корисници имавме можност да бидеме дел од една гео сафари авантура, навидум кратка, но исполнета со суштински убавини, речиси непознати на пошироката јавност.

И овојпат турата беше во рамките на Програма за зачувување на природата во Македонија, проект на Швајцарска агенција за развој и соработка, а координирана од „Фармахем“ од Скопје.

https://www.instagram.com/p/BzVIu49HKUs/

Тоа саботно утро, збирно место беше паркингот пред Спортски Центар „Борис Трајковски“ и веќе некаде околу 8 часот пристигнавме на македонската степа по течението на долна Брегалница, во близина на село Софилари.

instagram tura niz bregalnicki region ili geo safari niz skrienite bogatstva na makedonija 6

Степата претставува своевиден триаголник, која се протега помеѓу Градско, Велес и Штип. Местото познато и како Слан Дол, некогаш било дно на океанот Тетис, а на земја, расфрлани наоколу, најдовме корали, школки и полжави стари по 30 милини години, како и различни минерали и чудни камчиња.

instagram tura niz bregalnicki region ili geo safari niz skrienite bogatstva na makedonija 7

Продолживме до селото Пенуш, населено од 15 век, кое веќе 60 години е напуштено. Тука на времето било доминантно турското население. Ова било сточарско село, каде се чувале овците овчеполки.

Тоа може да се забележи од големиот број на магарешки трња, кои се појавуваат на почва на која било одгледувано добиток, па преку семките во нивниот измет се размножувале овие растенија.

Освен по селото, овој дел е карактеристичен и по рипариска шума на реката Брегалница, што е сè поретка во Европа. И на еден начин претставува терапија на самата река, овозможувајќи намалување на температура, која е поволна за живите суштества, а исто така оваа вегетација помага при прочистување на водата. Самото постоење на рипариска шума ја подобрува реката како еко-системот.

Потоа патот нè однесе до општината Чешиново-Облешево, каде налетавме на 70 гнезда на бели штркови и токму поради ова општината е прогласена како Европско село на штркови со најголемо штрково гнездо во Македонија, поставено на Задружниот дом.

instagram tura niz bregalnicki region ili geo safari niz skrienite bogatstva na makedonija 9

На кратко поминавме и до Зрновска река, некој од групата се капеше, некој седеше на карпите и си ги ладеше нозете. По жешкото сонце, наминавме на традиционален ручек во село Зрновци и со патничкото комбе се упативме спрема археолошкото наоѓалиште Виничко Кале.

https://www.instagram.com/p/BzlVjfbnmq3/

На југозападниот дел од градот Виница се наоѓа утврдената населба од доцноантичко време. Градбите кои се наоѓаат покрај самиот градски бедем датираат од 4 до 6 век и за некое чудо целосно се зачувани.

Од наодите, археолозите утврдиле дека тука имало живот од неолитско време, па сè до средниот век. На Виничко Кале покрај голем број на керамички работи и накит се најдени и теракотни икони со христијански тематики и латински натписи.

Се смета дека овие икони служеле како ѕидни апликации во гробници во доцноантички период. Ископувањата на Виничко Кале започнале во 1985 година и траат до ден денес.

По часови и часови поминати под отворено небо, посетувајќи различни места, на ред дојде и Берово, каде што се сместивме во хотел „Манастир“.

Свеж туш и можност да се истегнат нозете на сите ни добро ни дојде во вистински момент, па веќе следното утро, околу седум часот станавме за традиционален појадок и со полни мевови и наполнети батерии на телефони и камери тргнавме во посета на интересни геоморфолошки форми, познати како мелови, во близина на село Црник.

Моравме да пешачиме по вжареното сонце за на крај да стасаме до меловите кои со нивен амфитеатрален изглед потсетуваат на пресечена инка. Пределот, како што дознавме од нашиот водач, е познат и како македонската Аризона.

Веднаш потоа, без одложување, со комбето наминавме до село Стамер каде се откриени фосилни остатоци на носорог, пра-жирафа, неколку вида на антилопа…

Конкретно пред нашата група беа прикажани коски од мастодонт, кои сè уште се наоѓаат во земја. Допрва треба да се истражи причината за нивната смрт.

Она што водичот ни го откри се претпоставува дека животните од територијата на денешна Македонија починале поради нагли климатски промени. Зачудени од штотуку виденото, сфативме колку многу нешта постојат во светот обвиткани во магла и нејаснотија.

instagram tura niz bregalnicki region ili geo safari niz skrienite bogatstva na makedonija 2

Од тука, требаше да ја посетиме најисточната пештера во Македонија, Коњска Дупка, изградена во варовничка карпа во непосредна близина на селото Град.

За жал, поради непристапност на теренот не можевме да влеземе во внатрешноста на пештерата, па решивме, оваа истражување да го комплетираме во некоја следна прилика.

instagram tura niz bregalnicki region ili geo safari niz skrienite bogatstva na makedonija 5

Имавме уште неколку точки што требаше да ги посетивме, затоа продолживме по патот, минувајќи покрај еден напуштен каменолом и по ридест предел се искачивме до тврдината „Градиште“, која датира уште од времето на енеолитот.

На овој локалитет покрај керамички садови од различни периоди, монети од римски и рановизантиски период, откриени се и енолистичка куќа, како и метална фигура на женско божество, за кои археолозите тврдат дека е стара 5.500 години.

Како последна точка од третата Инстаграм тура беше Калиманското Езеро, кое ни овозможи на брзина да ги сумираме доживувањата и со еден куп спомени и нови перспективи да се вратиме во Скопје.

Ова патување е само уште еден доказ за тоа дека имаме богат биодиверзитет и голем број на екосистеми во Македонија.

Самата тура успеа да нè запознае со различните геолошки појави кои се сретнуваат во брегалничкиот регион, и ни овозможи одблизу да се запознаеме со геолошкото и палеонтолошкото минато на овој дел од Македонија.

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ќе ве качиме во „кајчето на Лихнида“ и ќе ве одведеме до петте најубави локации во нашиот бисер Охри... Рибарите ги прибираа мрежите. А езерото мирно, душа да си одмориш. И додека убав...
Викенд предлози: Подзаборавени села во Македонија што треба да ги посетите (раскажуваат историја) Колку и да ја истражуваме нашата земја никогаш не може да се заситиме од волшебн...
8 најубави плажи во Хрватска за одмор со мали деца На кои плажи во Хрватска морето е најчисто, плитко, а има и голем број активност...
10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...
Го посетив селото на Попај морнарот во Малта - бајковита дестинација која ме врати во детството и ми... Она што навистина ме врати во детските денови и ја разбуди мојата меморија со сл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg