250 евра казна за секој кој ќе седне на шпанските скали во Рим

Шпанските скали во Рим отсекогаш биле место за одмор за туристите. Но сега, и официјално, седењето на скалите е забрането.

zabrana-za-sedenje-na-shpanskite-skali-01.jpg

Забраната стапи на сила на 8-ми јули годинава, но дури оваа недела полицајците почнале да го спроведуваат законот. Според новиот закон, секој што ќе биде фатен дека седи, јаде или пие на скалите, може да си заработи казна и до 400 евра.

Доколку само седнете на една од скалите, ќе добиете казна од 250 евра, а доколку ги извалкате или уништите на каков било начин, ќе треба да платите 400 евра.

zabrana-za-sedenje-na-shpanskite-skali-02.jpg

На некои не им се допаѓа забраната, вклучувајќи го и бившиот заменик министер за култура Виторио Згарби.

„Убаво е да се заштити споменикот и секако не би требало да јаде е на скалите, но забраната за седење е претерана. Ми се чини дека законот е во фашистички стил и локалната управа ќе биде присилена да го преиспита“, изјавил тој.

zabrana-za-sedenje-na-shpanskite-skali-03.jpg

Слично е мислењето и на Томацо Танчили, директор на римското здружение на хотелиери:

„Се сложивме дека луѓето не би требало да кампуваат на скалите бидејќи оставаат ѓубре. Но да се казнуваат само затоа што седнале, особено ако се постари, тоа е малку претерано.“

zabrana-za-sedenje-na-shpanskite-skali-04.jpg

Скалите биле изградени во 1720-тите години за да ја поврзат црквата Тринита деи Монти со плоштадот. 137-те скалила станале збирно место за поети, сликари и уметници од целиот свет, за денес да се претворат во атракција во којашто уживаат сите туристи. Денес Шпанските скали се една од најпопуларните знаменитости во Рим.

zabrana-za-sedenje-na-shpanskite-skali-05.jpg

Сепак, Симоне Аморико, директор на италијанската туристичка компанија Access Italy изјавил дека седењето на скалите не е традиција помеѓу Италијанците.

„Италијанците никогаш не го прават тоа. Никогаш не сум седел на Шпанските скали. Моите пријатели никогаш не седеле на Шпанските скали. Навистина го почитуваме нашиот град. Не стоиме на ниту еден древен ѕид, ниту пак ставаме катанци на кој било мост.“

Оваа атракција не е единствената римска локација со нови правила. Забраната за седење, јадење и пиење важи и за фонтаната Треви и некои други знаменитости.

Слични мерки се спроведени и во Венеција поради проблемот со премногу туристи кои ги уништуваат историските локации.

zabrana-za-sedenje-na-shpanskite-skali-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Гиро до 4.70 евра, лежалка со кафе за 3 евра: Какви се цените во Полихроно и Неа Флогита во лето 202... Изминатиот викенд го поминав во Полихроно и во Неа Флогита - гратчиња оддалечени...
Бев во Рим на два дена, од Скопје со автомобил до Тирана, па со авион за 50€ - Што успеав да видам з... Предноста на сместувањето во Трастевере е што секаде можевме да стигнеме пешки -...
Топ 9 туристички грешки во Рим (кои не треба да ги направите) Во Рим ќе пешачите многу, бидејќи повеќето знаменитости се релативно блиску една...
„Бев во Чинкве Тере и низ Тоскана, возови, магични селца, недогледни лозја - вредеше патот со автобу... „Буквално сум маѓепсана! Од живописните рибарски селца на Чинкве Тере со неверој...
На одмор со Дарко и Верче во Паралија: „Сет лежалки без кафе чинеа 10 евра, има нови одлични бич бар... „Кога стигнавме таму веднаш се присетивме на тинејџерските денови кога сме биле ...
На кое место во Грција (на 300km од Скопје) за 5 евра добивате лежалка, кафе, крофна и вода? „И повеќе од коректна, а плажата е феноменална“.... Коментираат следбениците на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg