Несекојдневни хотели чии соби нема да сакате да ги напуштите (фото)

Кога одите на одмор, најчесто минувате многу малку време во хотелот. Поголемиот дел од времето хотелската соба ви е само за преспивање.

nesekojdnevni-hoteli-chii-sobi-nema-da-sakate-da-gi-napushtite-foto-01.jpg

Но доколку некогаш ви се укаже можност да престојувате во некој од следниве хотели, сигурно нема воопшто да сакате да ги напуштите.

Amangiri, Јута, САД

Овој хотел е направен да изгледа како дел од природата. Ако отседнувате овде, ќе можете да уживате во дините, рамнините и планините што го опкружуваат местото.

Sheraton Huzhou Hot Spring Resorts, Хуџоу, Кина

Поради формата, хотелот си заработил неколку прекари, како на пример „Хотелот крофна“. Хотелот дури има освоено и награда за неговиот дизајн и функционалност.

Propeller Island City Lodge, Берлин, Германија

Секоја соба во хотелот има уникатен дизајн, а целата градба е и уметничка инсталација. За жал, засега хотелот е затворен за реновирање.

Free Spirit Spheres, Ванкувер, Канада

Ако отсекогаш сте сакале куќичка на дрво, овој хотел ќе ви ја исполни желбата. Оние кои го посетиле изјавиле дека е одличен начин да се поврзете со природата.

Bivacco Gervasutti, Монблан, Италија

Името на хотелот е во чест на алпинистот Џусто Џервасути. Хотелот се наоѓа на работ од карпа и е популарно место за планинарење, скијање и сноубординг.

Neemrana Fort Palace, Нимрана, Индија

Овој хотел од 15-тиот век е најстарото одморалиште во Делхи. Висечките градини и базените нема да ве остават рамнодушни.

Seven Hotel, Париз, Франција

Уникатниот дизајн на овој хотел ќе направи да се чувствувате како да сте во некој филм. Хотелот дури има и „лебдечки“ кревет.

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

На одмор со Николче: „Бевме во камп во Шпанија - беше поевтино од хотел, на плажите нема лежалки, а ... „Овој летен одмор решивме да го поминеме малку поинаку – далеку од класичните хо...
10 најубави плажи во Европа за 2025 – три се во Италија, две во Грција Од сите плажи во Италија кои се на листата, сите се на Сардинија и освојуваат со...
„Бев во Чинкве Тере и низ Тоскана, возови, магични селца, недогледни лозја - вредеше патот со автобу... „Буквално сум маѓепсана! Од живописните рибарски селца на Чинкве Тере со неверој...
Топ 9 туристички грешки во Рим (кои не треба да ги направите) Во Рим ќе пешачите многу, бидејќи повеќето знаменитости се релативно блиску една...
Европски градови што треба да ги посетите во есен 2025 - Идеални се за фоткање и немаат премногу тур... Иако повеќето луѓе сакаат да посетат градови како Париз, Барселона, Рим, Венециј...
„Бев во Јужна Италија, со авионски лет од Скопје кој трае 1h, и посетив 6 магични гратчиња“ „Бев сместена во стариот град на Бари, оној најавтентичниот, каде што преку проз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg