Работи што не треба да ги кажувате во другите држави ако сакате да бидете учтиви

За многу туристи, комуникацијата со локалните жители е важен дел од нивното патување.

raboti-shto-ne-treba-da-gi-kazhuvate-vo-drugite-drzhavi-ako-sakate-da-bidete-uchtivi-01.jpg

Оваа интеракција им овозможува вистински да ја почувствуваат атмосферата на државата или градот. Сепак, кога ќе поразговарате со некој локален жител, ќе дознаете многу за тамошните традиции и култура, но дефинитивно ќе добиете и некој совет со кој ќе си го поедноставите патувањето.

Но понекогаш, дури и кога имате најдобра намера, разговорот може да не се одвива по план. Можеби не сте спомнале религија или политика и не сте се смееле за некоја локална традиција, но сте направиле некоја грешка.

За да ги избегнете овие ситуации, добро е да знаете кои се нештата што не би требало да ги кажувате во некои од најпопуларните држави за патување.

Италија

- Не прашувајте каде можете да најдете Starbucks. Единственото кафе што го почитуваат Италијанците е еспресото. Најчесто го пијат „од нога“, во мала кафетерија.

- Немојте да им кажувате на Италијанците за вашите експерименти со италијанска храна. Доколку додавате кечап наместо доматен сос во тестенините, не кажувајте го ни тоа.

- Немојте да се жалите бидејќи локалните жители не ги почитуваат сообраќајните правила. Бесцелно е да им објаснувате дека не треба да возат побавно од пропишаното или дека треба да ги следат другите правила.

- Италијанците речиси секогаш се бакнуваат два пати кога се среќаваат. Па, немојте да ги одбивате овие бакнежи. Во Италија, овој поздрав е како ракување.

raboti-shto-ne-treba-da-gi-kazhuvate-vo-drugite-drzhavi-ako-sakate-da-bidete-uchtivi-02.jpg

Грција

- Немојте да барате безглутенска храна или веганско мени во ресторан. Грците сметаат дека нивната кујна е погодна за секого па сигурно нема да најдете безглутенска или веганска опција од некое јадење.

- Немојте да зборувате за економската криза или да прашувате какво влијание имала врз некого. Сигурно никој не сака да зборува за тоа како ја изгубил продавницата или кафетеријата.

- Немојте да се смеете за долгите грчки презимиња.

raboti-shto-ne-treba-da-gi-kazhuvate-vo-drugite-drzhavi-ako-sakate-da-bidete-uchtivi-03.jpg

Франција

- Не прашувајте ги Французите дали сакаат да јадат жаби или школки. Ова е најпопуларниот стереотип за Франција, а на Французите им е здодеано да ги слушаат овие прашања.

- Не потсетувајте ги за нацистичката окупација. Окупацијата на Франција е голем удар на нејзината гордост, па повеќето Французи не сакаат да дискутираат на оваа тема со странци.

- Немојте да велите дека Британците го измислиле шампањот. Можеби ова е вистина, но Французите биле оние кои го усовршиле пијалакот и го направиле она што го знаеме денес.

raboti-shto-ne-treba-da-gi-kazhuvate-vo-drugite-drzhavi-ako-sakate-da-bidete-uchtivi-04.jpg

Бразил

- Немојте да велите дека Аргентина е одлична или дека сте фан на Лајонел Меси. Бразил и Аргентина долго време се ривали и двете држави мислат дека го имаат најдобриот тим во Јужна Америка, и тоа не само за фудбал.

- Немојте да зборувате за „бразилски задник“. Жените од Бразил премногу пати го слушнале овој сексистички израз.

- Немојте да спомнувате бразилски серии. Многу од локалните жители веруваат дека овие серии создаваат погрешна слика за државата. Истовремено, не им се допаѓа што филмската индустрија на државата е претставена со такви неквалитетни серии.

raboti-shto-ne-treba-da-gi-kazhuvate-vo-drugite-drzhavi-ako-sakate-da-bidete-uchtivi-05.jpg

Јапонија

- Не прашувајте некого колку долго бил разведен. Јапонците, особено постарите, сметат дека разводот е срамно нешто.

- Не зборувајте за посвојување. Посвојувањето е интимен процес во Јапонија и претставува тема што не се дискутира надвор од семејството.

- Немојте да се фалите за вашата палта, ниту да прашувате колку заработува некој друг. Ова е неучтиво прашање во многу држави, но во Јапонија е табу да се зборува за пари.

- Не зборувајте за јакуза. Можеби за нас ова е интересна тема, но за Јапонците, членовите на јакуза се криминалци.

- Немојте да кивате и кашлате во јавност без посебна медицинска маска. Исто така, немојте никогаш да го дувате носот во јавност. Јапонците се навистина загрижени за вирални инфекции.

- Немојте да оставате бакшиш. Во Јапонија можете да навредите некој со ова.

raboti-shto-ne-treba-da-gi-kazhuvate-vo-drugite-drzhavi-ako-sakate-da-bidete-uchtivi-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Бонтон правила што мора да ги почитувате кога патувате во странство Немојте да се облекувате несоодветно и почитувајте ги светите места на локалците...
На одмор со Маја Кикириткова во хрватски камп: „Поскапо е од кампување во Грција, но има топла вода ... „Првата година отидовме кај пријатели во Љубаништа, со нас немавме буквално ништ...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2025 како излезени од бајка – кога да ги посетите? Гдањск во Полска е избран за најубав божиќен пазар за сезоната 2025-26, но кои с...
Како во рајот: Најубавиот пристап во море преку скали се наоѓа во Хрватска (фото) Бајковита вила во заливот Чикат на островот Лошињ ги има најубавите скали за вле...
Како од разгледница: Албански ресорт покрај море е дефиниција за луксуз - впечатлива архитектура сре... На албанското крајбрежје се подготвува проект за луксузен ресорт, кој воодушевув...
10 причини зошто да го посетите Копенхаген со деца – нема да сакате да се вратите Ќе доживеете нешто што не постои кај нас, ќе шетате по прекрасни големи паркови,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg