Работи што не треба да ги кажувате во другите држави ако сакате да бидете учтиви
Кина
- Не прашувајте никого за неговото здравје. Ова ќе го натера да мисли дека не изгледа добро.
- Не зборувајте за негативните последици од владеењето на Мао. За некои луѓе, тој е национален херој.
- Немојте да прашувате дали некој има Facebook. Слободниот пристап до интернет во Кина е блокиран, а повеќето не сакаат да зборуваат за нивната изолација од интернетот.
- Не се поклонувајте кога поздравувате некого. Луѓето во Кина не го прават ова.
Германија
- Немојте да ги прашувате Германците за нацистичкиот режим.
- Немојте да зборувате за цела Германија како да зборувате за Баварија. Некои туристи мислат дека сите Германци јадат колбаси, пијат пиво и имаат кратки кожни панталони. Овие стереотипи се само за Баварија.
- Немојте да ги прекинувате Германците додека ви кажуваат нешто.
Тајланд
- Не зборувајте за приватниот живот на членовите на кралското семејство. Ова е голема грешка, а можат дури и да ве уапсат.
- Не се восхитувајте на јадењето инсекти. Интересно е што инсектите им се продаваат поскапо на туристите, а локалните жители често мислат дека некои од инсектите се одвратни.
Холандија
- Не зборувајте за Zwarte Piet. Ова е лик од холандските народни приказни и е помошник на Дедо Мраз со темна кожа. Во 21-ви век, многу луѓе мислат дека овој лик е расистички, па немојте да зборувате за него.
- Не споредувајте ја Холандија со Белгија. Ова се две различни држави со различни луѓе.
- Немојте да велите дека нивниот крал изгледа како млад Доналд Трамп, ниту пак дека кралицата не е од Холандија.
Финска
- Немојте да велите дека Дедо Мраз живее на Северниот Пол.
- Не зборувајте многу гласно и емотивно. Финците се претпазливи со ваквите луѓе.
- Не ставајте си алкохол од туѓо шише. Финците се дарежливи и би поделиле сè со другите, но не и алкохолот.
Израел
- Немојте да велите дека хумусот и фалафелот не биле измислени во Израел.
- Не започнувајте деловни разговори за време на сабат и не прашувајте зошто на овие денови нема јавен превоз.
- Не објаснувајте зошто не сакате деца. Во Израел се верува дека колку повеќе деца имате, толку подобро.
- Ако сретнете личност од спротивниот пол со покриена глава, немојте да се ракувате. Овие луѓе се религиозни евреи и не смеат да допрат никој од спротивниот пол, освен нивните сопрузи и деца.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





