Бонтон правила што мора да ги почитувате кога патувате во странство
Немојте да се облекувате несоодветно и почитувајте ги светите места на локалците, без разлика какви се вашите религиски ставови и верувања.

Сите уживаме кога патуваме, но само затоа што сме на одмор, не значи дека треба да заборавиме на учтивоста и премногу да се опуштиме.
Кога одите во друга земја, без разлика која, важно е да почитувате некои основни правила со кои ќе покажете почит, а во некои ситуации ќе избегнете и казна.
Бонтон правила што мора да ги почитувате кога патувате:
Очекувате сите да знаат англиски
Англискиот веќе важи за универзален јазик, но ако одите во земја каде што не е службен, не можете да очекувате сите да го знаат.
Генерално на туристичките места луѓето разбираат англиски, но ако знаат помалку од вас, бидете трпеливи.

Снимате и фотографирате луѓе без дозвола
Како ви се чувствувале вие ако некој странец почне да ве снима или фотографира во вашиот град?
Без разлика колку убаво или фасцинантно ви изгледа некој, немојте да го гледате како содржина за вашата Инстаграм објава и секогаш побарајте дозвола.
Не ги земате предвид луѓето околу вас
Не заборавајте дека кога одите во странство, околу вас има и други луѓе и мора да знаете како да се однесувате во јавност.
Да, вие сте на одмор, но сигурно има локалци кои треба да работат, па немојте да бидете гласни и да им го нарушувате мирот.
Имајте ги предвид и другите туристи и не се однесувајте како вие да сте главни.

Очекувате да биде исто како во вашата земја
Кога одите во друга земја, не можете да очекувате да биде исто како дома. Храната ќе биде различна, температурата и влажноста на воздухот, луѓето, културата…
Само затоа што вие не сте навикнати на тоа, не значи дека другите треба да се адаптираат на вас.
Кога сте во странство бидете отворени за нови искуства и бидете радосни што можете да искусите нешто поразлично од вашето секојдневие.
Сосема нормално е да не ви се допаѓа нешто, но немојте да покажувате непочитување.

Се облекувате несоодветно
На некои места треба да почитувате одреден дрес код, на пример во Ватикан и многуте тамошни цркви.
Пред да одите некаде истражете дали постои некаков дрес код и почитувајте го.
А, дури и да нема дрес код, во лето немојте насекаде да шетате само во костим за капење.
Не почитувате свети места
Можеби за вас некоја статуа или градба нема никакво значење, но за локалците да е света.
Без разлика какви се вашите верувања и ставови, важно е да покажувате почит на вакви места и градби.
Не допирајте ако е забрането, не фотографирајте ако е забрането, не пробувајте да влезете некаде ако е забрането…
Спирова С. | Црнобело