Живот во Еритреја - држава во која мора да се заслужат мобилните телефони и напуштање на земјата

Еритреја е една од државите во Африка, но и во светот каде жителите имаат најмалку човекови права, како и политички и верски слободи. Многумина се обидуваат да избегаат кон Европа преку Сахара и Средоземното море.

Zivot vo Eritreja drzava vo koja mora da se zasluzat mobilnite telefoni 01

Во 1930-тите, италијанскиот диктатор Бенито Мусолини планирал да го направи главниот град на Еритреја, Асмар, „Малиот Рим“, со големи улици и модерна архитектура кои сè уште сведочат за нивното колонијално минато.

УНЕСКО го заштити градот како пример за ран модернистички урбанизам, поради што многу туристи сакаат да го посетат. Но, повеќето граѓани сакаат да ја напуштат земјата и да се спасат од репресија.

Ова се неколку факти за Еритреја:

Постои само една партија

Владата ги укина ривалските партии и приватните медиуми, а на младите им е наметнато воено регрутирање.

Не секој може да има мобилен телефон

Тука и понатаму се користат телефонските говорници затоа што СИМ-картичките во Еритреја се како суво злато. Граѓаните треба да прашаат за дозвола да имаат СИМ картичка, а малкумина имаат Wi-Fi.

Интернетот е многу бавен, а пристапот до Фејсбук и Твитер се вистинска мака.

Zivot vo Eritreja drzava vo koja mora da se zasluzat mobilnite telefoni 03

Ограничена забава - дома, но и надвор

Граѓаните имаат на располагање една телевизиска станица, која е во државна сопственост. Во земја со една пиварница, до неодамна не можело да се пие онолку колку што би сакале, биле дозволени само две пива.

Не постојат банкомати

Владата, исто така, го ограничи износот на парите што луѓето можат да ги повлечат од своите сметки. Без оглед на финансиите, можат да извлечат максимум 295 евра месечно, за што треба да одат во банка, бидејќи не постојат банкомати.

Државата дозволува поголема сума само со писмено барање, и обично само за церемонии како што се свадби.

Zivot vo Eritreja drzava vo koja mora da se zasluzat mobilnite telefoni 02

Виза за напуштање на земјата

Пасош е исполнување на сонот - не секој може да го добие. Прво, треба да работи во државната служба и да ја заврши армијата, а потоа да напише апликации и да чека дозвола.

Дотогаш многумина веќе имаат 40 или 45 години. Сепак, дури и пасошот не е гаранција дека ќе ја напуштат земјата, бидејќи им е потребна виза за напуштање на Еритреја.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
5 интересни опции за луѓето кои не сакаат летниот одмор да го поминат на плажа Можете да посетите некои од скандинавските земји, или пак некои од европските гр...
8 работи на кои не треба да трошите пари на вашиот одмор (кога престојувате во хотел) Не вреди да давате многу пари за полуксузна соба – во повеќето хотели, нема голе...
Викенд предлози: Подзаборавени села во Македонија што треба да ги посетите (раскажуваат историја) Колку и да ја истражуваме нашата земја никогаш не може да се заситиме од волшебн...
Семејство со две деца кампуваше во Маврово: „Преспавме во шатор, нè исплашија овчарски кучиња, но ут... „Радоста на децата кога го поставувавме шаторот беше неизмерна. Нема поубаво чув...
12 причини зошто Данска е совршена земја за живот Скандинавските земји пленат со својата архитектура, начинот на живот, храната ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg