Градови со најчист воздух во светот

Додека ние почнуваме да се подготвуваме за зголеменото загадување на воздухот, некои луѓе воопшто немаат потреба да се грижат за тоа.

gradovi-so-najchistiot-vozduh-vo-svetot-01.jpg

Во некои делови од светот воздухот е толку чист, што дури се смета за мелем за белите дробови и целокупното здравје.

Доколку ви се смачи од нашиот воздух, можеби ќе сакате да посетите некој од овие градови:

Хонолулу, Хаваи

Хавајските острови, особено градот Хонолулу, важат за област која го има најчистиот воздух не само во САД, туку во целиот свет. Според експертите, причината за ова се ветровите, кои сите штетни честички ги носат кон морето.

Можеби токму чистиот воздух е причината што на Хаваите има најмалку случаи со инфаркт.

gradovi-so-najchist-vozduh-vo-svetot-02.jpg

Цирих, Швајцарија

Ова е уште еден многу чист град кој има строги правила за справување со отпадот.

Жителите на Цирих најчесто го одбираат велосипедот како превозно средство. Доколку не се во можност, користат возови, автобуси и подземна железница. Ретко кој се осмелува да вози автомобил - одлука што го направила Цирих еден од градовите со најчист воздух.

gradovi-so-najchist-vozduh-vo-svetot-03.jpg

Аделаида, Австралија

Веќе неколкупати, Аделаида е прогласен за еден од најчистите градови во светот. Покрај тоа, овој град редовно се наоѓа и на листите со најдобрите места за живеење.

gradovi-so-najchist-vozduh-vo-svetot-04.jpg

Калгари, Канада

И овој град одлично се справува со отпадот. Овде постои кампања „Премногу е добро за да биде отпад“, која значително го намалила количеството ѓубре што завршува на полињата и во депониите.

Сортирањето и рециклирањето на разните материјали драстично го намалиле загадувањето во Калгари.

gradovi-so-najchist-vozduh-vo-svetot-05.jpg

Погледнете ги останатите градови на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ќе ве качиме во „кајчето на Лихнида“ и ќе ве одведеме до петте најубави локации во нашиот бисер Охри... Рибарите ги прибираа мрежите. А езерото мирно, душа да си одмориш. И додека убав...
8 најубави плажи во Хрватска за одмор со мали деца На кои плажи во Хрватска морето е најчисто, плитко, а има и голем број активност...
Литохоро во Грција - oдлична опција за љубителите на море и планина, а ќе стигнете за околу 4 часа о... Сместен во подножјето на планината Олимп, Литохоро е живописен град во Грција ко...
Предлог за кратко викенд патување: 5 преубави македонски села Овие пет села се само мал дел од богатата ризница на Македонија. Ги има уште мно...
Најубавите божиќни базари во Европа за 2023, кои вреди да ги посетите Од базарите во Стразбур и Колмар во Франција, до малиот базар во Опатија, Хрватс...
Вранско Езеро во Хрватска - уникатна дестинација со неверојатен поглед (фото) Сместено во близина на морето и опкружено со чудесна природа, Езерото е дом на и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg