Најубавите божиќни базари во Европа за 2023, кои вреди да ги посетите

Од базарите во Стразбур и Колмар во Франција, до малиот базар во Опатија, Хрватска – Кои божиќни базари низ Европа вреди да ги посетите и што може да очекувате?

najubavite-bozhikjni-bazari-vo-evropa-za-2023-koi-vredi-da-gi-posetite-01.jpg

Ги одбројуваме последните денови од годината што полека изминува, а празниците што следат нѐ потсетуваат на божиќни филмови, вкусни колачиња, варено вино, новогодишни светилки и голем број украси.

Ова е период во кој голем број луѓе се упатуваат и кон божиќните базари низ Европа со цел да ја доловат магијата на празниците и да си дозволат вистинско предновогодишно уживање.

Во продолжение издвојуваме 10 најубави божиќни базари што вреди да ги посетите годинава:

Стразбур, Франција

(24.11 – 24.12)

Божиќниот базар во Стразбур датира од 1570-та година и е најстариот базар во Франција.

Годинава, божиќниот базар ќе биде отворен од 24-ти ноември до 24-ти декември, а секој ден од 11 часот претпладне до 9 часот навечер посетителите ќе може да уживаат во божиќната музика, вкусот на локалната храна, како и да си купат голем број ракотворби.

Базарот во Стразбур се состои од 12 помали базари, кои се распоредени низ различни места на градот, а елката ви се чини дека допира до небото. Задолжително облечете удобни чевли и бидете подготвени целиот ден да го поминете во прошетки.

Tреба да ги пробате колачињата бредели и да го пробате нивното варено вино, познато и како Vin Chaud. Доколку не сакате алкохолни пијалаци, можете да пробате од нивниот топол сок од портокал со зачини, како и топлото чоколадо.

Прага, Чешка

(02.12 – 06.01)

Божиќните базари во Чешка се едни од најпознатите во Европа, а голем број локални и странски туристи се собираат во главниот град на оваа држава за да уживаат во традиционалната кујна или да си купат некои од ракотворбите на локалните производители.

Препознатлив по убаво украсените дрвени тезги, големиот број вкусни специјалитети (шунки, колбаси, рибја чорба, трделник) и чешки пива или греено вино и пиво, овој базар е еден од омилените во Европа.

Вообичаено на плоштадот во стариот град е поставена елка висока 25 метри, на која секој ден по неколкупати се палат светилките.

Будимпешта, Унгарија

(17.11 – 01.01)

На повеќе локации низ Будимпешта и годинава ќе бидат распоредени повеќе помали божиќни базари, кои секоја година привлекуваат сѐ поголем број туристи од целиот свет.

Главните случувања ќе бидат сконцентрирани околу плоштадот Vörösmarty.

Мирисот на традиционалните колачиња со мед и на вареното вино едноставно ве вовлекува задолжително да ги посетите дрвените штандови и да видите што се случува додека го истражувате градот.

Виена, Австрија

(10.11 – 26.12)

Еден од најпознатите во Европа е божиќниот базар во Виена, Австрија, кој за првпат почнал да се одржува во 1772-ра година, а традицијата продолжува и до ден-денес.

На повеќе локации во градот се распоредени тезги со божиќни подароци, декорации, рачни изработки, како и со вкусни специјалитети и подароци.

Мирисот на вареното вино, печените костени, топлото чоколадо и големиот број уметнички содржини се само причина плус зошто да го посетите овој магичен базар.

Колмар, Франција

(23.11 – 29.12)

Заедно со божиќниот базар во Стразбур, божиќниот базар во Колмар е еден од најпознатите во Франција, а и во Европа.

Магичното француско село, кое било инспирација за креирање на светот во цртаниот филм „Убавицата и ѕверот“, во претпразничниот период се претвора во омилена туристичка дестинација.

Тесните улички на градот и убаво декорираните куќички овозможуваат интимна и автентична атмосфера.

Освен што има голем број тезги со локални производи, во рамки на базарот можете да учествувате во тура со водич низ градот, да присуствувате на дегустација на вино, или да посетите некоја од поставките со изложба на играчки.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Плажа во Хрватска е вистински рај – скриена под карпа, со бесконечно синило и бистра вода Нема да ја видите по пат, треба малку да се помачите за да стигнете до неа, но ќ...
8 рајски плажи на Лефкада кои мора да ги посетите - 50 нијанси сино и совршен поглед Лефкада, малиот грчки остров кој излегува на Јонско Море, за многумина е најубав...
Бев во Рим на два дена, од Скопје со автомобил до Тирана, па со авион за 50€ - Што успеав да видам з... Предноста на сместувањето во Трастевере е што секаде можевме да стигнеме пешки -...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2025 како излезени од бајка – кога да ги посетите? Гдањск во Полска е избран за најубав божиќен пазар за сезоната 2025-26, но кои с...
На одмор со Маја Кикириткова во хрватски камп: „Поскапо е од кампување во Грција, но има топла вода ... „Првата година отидовме кај пријатели во Љубаништа, со нас немавме буквално ништ...
„Бев во Чинкве Тере и низ Тоскана, возови, магични селца, недогледни лозја - вредеше патот со автобу... „Буквално сум маѓепсана! Од живописните рибарски селца на Чинкве Тере со неверој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg