Најубавите божиќни базари во Европа за 2023, кои вреди да ги посетите

Минхен, Германија

(27.11 - 24.12)

Германија е позната по големиот број божиќни базари, а еден од најпознатите е и оној во Минхен, главниот град на Баварија.

Најатрактивни се божиќните базари на Мариенплац и зимскиот фестивал Толвуд (на истата локација каде што се одржува и Октоберфест).

Ќе најдете прекрасни рачно изработени украси, вкусна храна и, се разбира, Glühwein (варено вино). Не заборавајте да ја погледнете и новогодишна елка на Мариенплац и да го посетите лизгалиштето Ice Magic.

https://www.instagram.com/p/Cz8zVzdRG1A/

Гетеборг, Шведска

(19.11 – 30.12)

Секоја година Гетеборг се трансформира во вистинска зимска бајка, а така е и годинава. Најголемо внимание привлекува забавниот парк Liseberg, каде се одржува еден од најголемите и најстарите божиќни базари во Шведска.

Божиќните декорации, удобните места за седење и штандовите што нудат топло чоколадо, зашеќерени јаболка, варено вино, печени костени и ракотворби привлекуваат внимание на над 500.000 посетители годишно.

Талин, Естонија

(01.12 – 07.01)

Главниот град на Естонија и годинава ќе биде домаќин на еден од најубавите божиќни базари во Европа. Традиционално ќе биде поставена голема елка на плоштадот, а одоколу ќе бидат поставени голем број штандови со ракотворби и вкусни локални специјалитети.

Гурманите не може да си заминат без да го пробаат специјалитетот со варена кисела зелка или колбасите, познати и како црн пудинг, но и голем број други специјалитети.

Љубљана, Словенија

(01.12 – 02.01)

Доколку не сакате да патувате предалеку, божиќниот базар во Љубљана, Словенија е вистински избор за вас.

Базарот ќе биде сконцентриран на промовирање на малите локални бизниси и ќе биде ставен акцент на еколошките производи и локалната кујна.

Главните случувања ќе бидат сконцентрирани околу плоштадот Прешерн, а освен во совршеното божиќно уредување и вкусовите на локалната кујна, посетителите ќе може да уживаат и во паркот за лизгање, како и да посетат некои од бесплатните музички концерти или да прошетаат до езерото Блед.

https://www.instagram.com/p/B8r0FxFBnlv/

Опатија, Хрватска

(25.11 – 08.01)

Уште еден божиќен базар што се наоѓа во наша релативна близина, а ќе ги задоволи потребите на сите оние што посакуваат пред празниците да отпатуваат на некоја дестинација во близина на море.

Шeталиштето „Лунгомаре“ е украсено со голем број божиќни декорации, со елка и куќички. Иако станува збор за еден од помалите базари во Хрватска, овој настан е уникатен за сите оние што сакаат да направат убави претпразнични фотографии или да уживаат во локалното чоколадо што се продава за време на фестивалот на чоколадото кој се одржува во првата недела на декември.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Неверојатниот шарм на Дојран – градот кој на лето со „Д фестивал“ се трансформира во најголемиот цен... Дојран, шармантното, мирно гратче на југот на Македонија, кое како да спие преку...
Ќе ве качиме во „кајчето на Лихнида“ и ќе ве одведеме до петте најубави локации во нашиот бисер Охри... Рибарите ги прибираа мрежите. А езерото мирно, душа да си одмориш. И додека убав...
10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
8 најубави плажи во Хрватска за одмор со мали деца На кои плажи во Хрватска морето е најчисто, плитко, а има и голем број активност...
5 од најубавите плажи во Шпанија со тиркизна вода и златен песок Шпанија е позната по своите прекрасни плажи со кристално чиста води, а во продол...
Предлог за кратко викенд патување: 5 преубави македонски села Овие пет села се само мал дел од богатата ризница на Македонија. Ги има уште мно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg