3 предлог дестинации за есенско патување

Што прво ви паѓа на памет кога ќе се спомене октомври? Не знам за вас, но мене овој месец ме асоцира на долги прошетки низ златно-портокалова шума, печени костени, сок од калинки и неколкудневно патување.

3-predlog-destinacii-za-esensko-patuvanje-01.jpg

Ако сте љубител на патувања, а верувам дека не постои некој кој не е, тогаш соодветен момент да излезете од статус кво точката е набрзина да купите авионски билет и да ве снема од дома.

Неколку интересни предлози за оваа есен:

Можеби Маракеш и Фес се поголеми градови, но Казабланка во Мароко е совршен издувен вентил од секојдневието. Локалната култура на градот претставува мешавина од европска и северноафриканска.

Посетете ги историските места што ги нуди градот, а никако не заборавајте ја и џамијата Хасан II со колонијална архитектура.

zemete odmor od nekolku dena i zaminete na esensko patuvanje 5

Ако сакате да бидете на раат од турканици, тогаш качете се во авион и право во Копенхаген.

Изгледа дека туристите не се многу расположени да го шетаат градот наесен, повеќе им одговара летниот период.

Добро би било да се упатите да ја видите статуата на Малата Сирена, забавниот парк „Тиволи“, како и слободниот град, Кристијанија. 

zemete odmor od nekolku dena i zaminete na esensko patuvanje 3

Велат дека есента е идеален период да прошетате до некоја медитеранска плажа. Додека сите тој период одат во Шпанија или на Сицилија, вие посетете го Кипар. 

Нема од што да се разочарате. Малите селца се како излезени од разгледници, идеални за мирување, какво што одамна посакувате.

Има и што да се прави, од пешачење, кампување, па сè до фотографирање на омилените места. И пред самото тргнување, дајте си пет-шест часа да ја истражите Никозија.

zemete odmor od nekolku dena i zaminete na esensko patuvanje 4

Е. Х. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 земји кои треба да ги видите пред да станат популарни, па да не можете да се разминете од туристи ... Во светот сè уште има скриени бисери - места полни со култура, пејзажи и душа ко...
5 дестинации за есенско патување кои ќе ве воодушеват Есента е едно од најубавите годишни времиња за патување. Туристичките места се п...
Бонтон правила што мора да ги почитувате кога патувате во странство Немојте да се облекувате несоодветно и почитувајте ги светите места на локалците...
Европски градови што треба да ги посетите во есен 2025 - Идеални се за фоткање и немаат премногу тур... Иако повеќето луѓе сакаат да посетат градови како Париз, Барселона, Рим, Венециј...
8 места во и околу Скопје за излет во природа - Каде за Први мај? Дали и вас Први мај ве асоцира на излет во природа? Ако одговорот е „да“, а прит...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2025 како излезени од бајка – кога да ги посетите? Гдањск во Полска е избран за најубав божиќен пазар за сезоната 2025-26, но кои с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg