Забранет пристап – места во светот кои се недостапни за посета

Гледано oд денешна перспектива, изгледа дека во светот има сè помалку неистражени места, тешко достапни за човекот. 

stop zabranet pristap mesta vo svetot koi se nedostapni za poseta 8

Но, кога ќе се нурнеме во океанот на информации и кога ќе прочепкаме по интернет, сфаќаме дека сепак постојат безброј места до кои луѓето немаат пристап. Или во краен случај имаат пристап само одредени поединци.

Кога ќе налетаме на нешто мистериозно, уште повеќе сакаме да допреме до суштината на скриеното. Нели она што е забрането е најслатко?

Затоа, во продолжение следува листа на места во светот кои се забранети за посета. Барам така се зборува за нив!

Да почнеме со ризницата за археолози – пештерата Lascaux со историски слики стари 17.300 години. Таму, во срцевината на пештерскиот комплекс во Франција постојат палеолитски слики, на кои се гледаат говеда, бизони и други животни и мотиви.

Ова многу зборува за цивилизацијата во тоа време. За жал или не, пештерите се затворени за посетители уште во 1963 година, што е разумно до некаде. Човечкото присуство може само да ги уништи уметничките дела кои „живеат“ на ѕидовите.

stop zabranet pristap mesta vo svetot koi se nedostapni za poseta 4

stop zabranet pristap mesta vo svetot koi se nedostapni za poseta 4

На архипелагот, покрај јужниот брег на Исланд, се наоѓа островот Суртси. На светот е познат и како најтазе остров на планетата земја.

Приказната на неговото формирање не е ништо спектакуларна, создаден е како резултат на вулканска ерупција која траела дури четири години.

Во моментот овој мал остров не е достапен за посетители, бидејќи можат да го нарушат еколошкото наследство што постои таму. Пристап имаат само избрани научници и геолози, кои прават научни испитувања.

stop zabranet pristap mesta vo svetot koi se nedostapni za poseta 1

stop zabranet pristap mesta vo svetot koi se nedostapni za poseta 1

Во срцевината на Свалбард, архипелаг во Арктичкиот Океан постои едно место за кои малкумина знаат.

Станува збор за The Doomsday Vault или складиште на семиња за долгорочно чување од целиот свет, кои се чуваат за најлошите сценарија што може да ја снајде планетата земја – апокалипса или глобална криза.

Како и што се очекува, пристапот е лимитиран за специјални гости, а вратите за сите останати се затворени.

stop zabranet pristap mesta vo svetot koi se nedostapni za poseta 6

stop zabranet pristap mesta vo svetot koi se nedostapni za poseta 6

Автор: Х. Е. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Европски градови што треба да ги посетите во есен 2025 - Идеални се за фоткање и немаат премногу тур... Иако повеќето луѓе сакаат да посетат градови како Париз, Барселона, Рим, Венециј...
Атмосферата во Дојран во јуни 2025: Полни плажи, многу капачи во езерото и пристапни цени (нескафе -... Ќе уживате во голема порција локумадес за 70 до 120 денари и ќе се сончате на не...
Ја посетив старата семејна куќа во с. Зрзе - ми се разбуди носталгија по летата поминати таму со баб... „Ќе отидеш до сретсело да ми наполниш вода од чешмата?“, ме прашува мајка ми. Ѝ ...
На одмор со Ненад Сињори во камп Стомио: „Одморот не мора да биде луксузен - имаме наша приколка, де... „Иако понекогаш патуваме и на егзотични дестинации, кампот секогаш останува „наш...
„Бев во Чинкве Тере и низ Тоскана, возови, магични селца, недогледни лозја - вредеше патот со автобу... „Буквално сум маѓепсана! Од живописните рибарски селца на Чинкве Тере со неверој...
Како во рајот: Најубавиот пристап во море преку скали се наоѓа во Хрватска (фото) Бајковита вила во заливот Чикат на островот Лошињ ги има најубавите скали за вле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg