Од Египет до Тајланд: 12 непријатни изненадувања кои може да ве дочекаат на туристичките дестинации
Kaде ќе ве „ограбат“ затоа што изгледате богато, а каде песокот на плажите ќе ви остави дамки на облеката?

Патувањето во други земји моментално не ни е опција, но тоа не значи дека ситуацијата наскоро нема да се промени.
Планетата има многу убави краишта, но какви изненадувања ги чекаат туристите таму?
Тајланд
Релаксирачката тајландска масажа некогаш може да се претвори во вистинско мачење ако ви се погоди масажерка со силни раце.

Ако изнајмувате автомобил или мопед не го оставајте пасошот, туку само копија од него, бидејќи може да ви биде украден.

Може да бидете обвинети за гребнатинка стара 5 години на изнајменото возило, па затоа фотографирајте го кога ќе го земете.

Во Тајланд на прсти може да ги изброите локалите каде се служи европска храна, па ако не сте подготвени за експериментирање изнајмете си вила со кујна за да готвите.

Подгответе се за многу топла и влажна клима.

Песокот на некои тајландски плажи има светло портокалова боја и остава дамки на облеката, па затоа прескокнете носење на бела облека на плажа.

На следната страна работи од Египет и Виетнам...
Би можело да ве интересира:
Најубавите дестинации во Европа за 2025 (ако завршивте со класични летни одмори)
Монако е прв на листата за најубави европски дестинации за 2025, но тука се и Ис...
5 дестинации за есенско патување кои ќе ве воодушеват
Есента е едно од најубавите годишни времиња за патување. Туристичките места се п...
Топ 20 дестинации кои треба да ги посетите во 2026-та, според искусни патувачи
Бали е на првото место, но има уште многу други дестинации кои се лесно достапни...
Топ 10 потценети дестинации во Европа кои вреди да ги видите во 2026 (има и град од Македонија)
Варна во Бугарија, Изола во Словенија, Терачина во Италија и уште 8 европски дес...